Нема зашто да те загрижува. Те мерат пред пораѓај. Не мислам на вага, туку карлицата, колкава е, дали и колку може да поднесе... Ако заклучат дека си тесна а бебето е големо прават царски
Точно, мерат бебе, мерат мајка и решаваат како ќе се одвива пораѓајот. Другарка ми носеше големо бебе 4000+ грама, иако е крупна не можеше да го роди природно бидејќи имала потесна карлица од големината на бебето. Има поситни жени што без проблем раѓаат големи бебиња, нема тука правила.
Го мерат обемот на глава и карлицата, ако не им се поклопува одиш на царски. Има и мајки јунаци, како @PurpleMind кои природно раѓаат бебе од 4500+ Само да знаете дека улога игра и колку е долго бебето ама тоа не може да се измери. Не е исто 4000 гр на 53 цм и на 58. А може и за цело кило да ви утнат, на @Jana06 мислам дека и погрешија.
Ете па мене, првото ми се роди скоро 4400 а болки само на бокс. Буквално пеш си отидов и легнав на бокс. Второво ми беше глувче спрема првото, кило помало а кои болки ги имав на 3-4 прсти отворена леле мајко И јас сум слаба, па ете родив природно скроз големо бебе. Ете, мене така ми се погоди Повеќе болки со помалото него со поголемото
Уште една мајка јунак. Не знам како е, царски сум, ама во мои очи не е исто 3 и 4 кг да родиш. Знам дека е индивидуално, ти си немала болки, ама мене ми делува потешко. Кога го видов синко си помислив како ли ке го истуркав...
Кога се роди баш реков лелее има ли 2 кг барем девојчево Ехее мајка има како нема ми кажаа Она на месец дена беше иста како синко кога се роди. Но она повеќе ми напредува него он што напредуваше.
Вчера бев на преглед 34та недела бебе си расте топ само незнам зашто ми кажа главчето одговара дури за 36та недела?! И тоа демек супер не го кажа загрижувачки... сега се вадам од памет што мислите?
А зошто да го каже загрижувачки, кога си е super smart baby Не се грижи, отстапки +/- 2 недели се сосема во ред... нашето главче е една недела понапред, не значи дека му е голема главата, или е непропорционално граден, баш фино што мозочето е понапред... а познавајки се себеси колку се напнувам за сe, и малото ја отапи главата од мислење, па може затоа
Се само читам и очекувам некоја да пише 4500+грама ми е бебуш, да не сум единствена. Во живо сите ми викаат прва си што ја знам да родила 4560грама бебче
Со првото бебче, мојата цимерка имаше родено 4.700гр бебче. Вујна моја 4.800и нешто. На пријател мајката двете деца едното малку помалце од 5кг, другото дури преку 5кг. All naturale