Здраво, во 27+6 бебуш тежи 1040гр. Докторот ми вика ова одговара за 26+6, мал е плодот. Некоја со слично искуство оти од памет ме извади докторот.
28+1 915 грама, ако ти е за утеха. И јас умрев од грижи денес, многу е помалечко од што треба да биде, ама се надевам дека ќе се поправи.
Е од ко виде дека позеленев, демек ке варира сега дрн дрн. Контрола по 4 недели. Е ај чекај 4 недели со мирна душа. Полудечу
Мислам дека не е страшно ако е само една недела разлика. А може и да не е убаво измерено. Штом ти рекле за 4 недели, не е ништо сериозно. Мене ми рекоа за 2 пак да им се нацртам, а до тогаш без памет ќе останам.
30+0 1270 грама, одговара за една недела помалку што и толку не ме загрижува бидејќи и јас сум била мало бебе сум се родила 2500, ама главчето заостанува за 2 недели е тоа малку ме мисли.