31+5 1630gr +/- 15 % отстапување Докторката ми рече дека било ситно бебе, на долна граница и да одам за еден месец да видиме како напредува, не сум во Македонија па тука малку се лабави. Инаку останатите мерки на глава, ножиња и други работи се е во нормална граница. Некако страв ме фати гледајќи ги вашите мерки
Мамички, ве читам и се загрижив. Бремена сум точно 30 недели, а бебушот е 1137 грама. Докторот вели малце е помал плодот. Ве молам за мислење.
Мила мене и првата бременост ми се водеше плодот помал, ја родив во 38ма недела 2600, исто и сега 37ма недела сум 2700 го мерат но, и јас и сопругот сме родени по 2500-2600. Има улога и генетиката но сепак испитај си д димери, протоците нека ги видат дали се добри. Според мое искуство додека се протоците добри и бебето си напредува нема простор за грижа, не можеме сите да раѓаме бебиња 3500-4000.