Феминки дали некоја се соочила со различни мерки на плодот? Поточно главче да одговара на 31 недела, нога на 34? Дали ќе смета во развојот понатаму т.е. Дека бебе ќе биде со долги нозе?
Jas site merki odgovaraat na razlicna nedela, gore dole sekako. A kako ke ispadne, ke vidime, samo se nadevam se ke bide ok.
На пораѓај ми вели докторката, ах мали ќе бидат бебињата (близнаци), види колку ти е мал стомакот. И на ехо ги гледаше и ми вика 2 недели се помали од нормално. Се породив истиот ден со царски во 37 недела и бебињата беа по 2500 гр. Кога се родија докторката рече леле абе овие големи биле. Значи нема врска ехо со реалност.
Здраво на сите... Ме интересира ваше мислење, бремена сум со прво дете, сега сум 37+1 и бев на преглед во Чаир докторот ми кажа дека бебето е мало одговара на 35недели и тежи 2550гр. дури ме праша дали сум сигурна дека тогаш ми била последната менструација. До сега матичната ми велеше дека бебето е нормално според мојата градба зошто сум поситна. Сега цело време тоа мислам дека нешто не е во ред со бебето не можам да се смирам...
Не може сите небиња да се крупни. Најбитно е да е терминско односно белите дробови да се развиени и да расте од една контрола до друга. Бебе терминско може да е 2700 а може 3700.