35+2 бев на контрола при што докторот ми кажа дека бебето е една недела и некој ден поназад, односно сите димензии одговараат за 34 недели. Тежина околу 2.400 грама. Дотогаш цело време одговараше на неделата според менс. Докторот ми рече дека не е за паника, но се загрижив... Дали некоја има слично искуство?
Јас, исто така на почеток беше во ред си одговараше за неделата, но после 32 недела почна да касни. Бев на еден куп различни доктори сите различно мереа некаде 1 недела, некаде 2, меѓутоа никој не кажа дека тоа е за паника. Сите бебиња се различни и како што кажа @pamelche 2 недели + - се нормални. Моето 37+3 е 2700 грама.
30та недела 1800gr, и 10 дена понапред, прв пат вака испаѓа, секогаш беше во граница. Видов дека има и други што имале поголем плод. Сеа ме интересира дали ве караа докторите да пазите на исхрана и сл? Скриен шеќер немам, испитан е
Мене ми кажаа дека треба да внимавам на исхрана затоа што бев со прекумерна тежина пред бременост, скриен шеќер немав ама на граница ми беше шеќерот. Ние сме крупни со маж ми, и крупен се роди синко. Секоја трудница треба да внимава на храна, без разлика на колку е крупен плодот.
Не , не се многу 10 дена и тие мерки зависат како ќе го фатат у момент оди кај друг доктор различни ќе бидат
Читав на еден странски сајт дека омега 3 влијае на зголемување на плодот и помага да не дојде до предвремен пораѓај, дали имате слушнато такво нешто? Можеби омега треба поретко или послаба доза? Доколку плодот е поголем?
Големината на бебето нема врска со предвремен пораѓај. Јас после термин се породив со бебе две недели напредно цело време. За омега немам ни слушнато ни читано. Пиев фемибион 2, колку омега има во таа капсула не би знаела да кажам. Скриен шеќер кога има бебето е крупно и има зголемена околуплодова вода.
За првото пред пораѓај ме мереа и др рече дека бебето е 3200, најмногу до 3600 (ако апаратот не покажува добро), но не повеќе од тоа. На крај, синко мој се роди 4730г. Др се чудеа како никој не забележал дека бебето е толку големо. Зборот ми е, мерењата не се секогаш точни, важно е бебето да си напредува, тоа што е неколу дена понапред или подоцна не е ништо страшно, не се плаши. Со лесно