Поголемо незнам но моето при крај 2 недели помало беше ми рекоа чиста генетика е во прашање ништо страшно сите немаме исти глави гледаат протоци и сл. За мозочето дали е ок другото е само конструкција таква. Искрено се роди сосема нормално ни глава помала приметив ни ништо
Фала ти мила , ништо не ми кажаа ни генетика ни бутур јас почнав на интернет да барам и боље да не побарав сега уште повеќе ме фаќа страв...следниот преглед ќе ја натерам убаво да ми објасни не само така да ми нафрли па мисли си ти глупости
И јас мислам дека е генетика со другарка ми бевме во исто време бремени таа е пониска од мене. Нејзиното беше две недели помало а кај мене беше поголемо две недели. Нејзиното се роди 3кг и 48 цм а моето 4.330гр и 52 цм. И за син ми викаа има поголема глава и подолги нозе. Па се роди нормално бебе.
@Xanty @ni.na Фала ви ептен како што сум Миле Паника за се...знам дека не треба така и дека само го вознемирувам бебчо ама посилно е од мене колку и да не сакам ми врти мозокот се у таа насока. И онака сум скоро секоја втора недела на прегледи следната ќе идам па ќе видам како ќе биде и ќе пишам...
Јас сега се враќам од преглед и главата и е за 29та недела а јас 26+3 ама кај мене мм има голема глава ген е во прашање. Госпожата моја според димензии е 27+5 и тежи 1300гр.
Моево па денес на преглед со главчето според нив за 31 недела а ја 32 Може не го фаќаат убаво со мерки или кој и да ги знае, битно се си е добро, си напредуваат баш како што треба
Само што се вратив од контролен, едното бебе ми е поголемо, 20 недела сум а одговара за 21 недела. Другото е 20 недели и 2 дена. Докторов само ми вели супер супер одлично и не знам дали е во ред да е поголемо, зошто, како, што?
Нормално е, без паники. Речиси сите што сме со близнаци ни на една контрола конкретно моите не биле исти до грам. Битно е да си растат и да си одговараат на неделите, 2-3 дена разлика не се ни смета за разлика. Така да уживај
Не е страшно, уживај и не си стварај стресови. И Др ти кажал дека се е супер. Кај мене од сам старт едното е потешко за 50-70 грама, па фала му на Господа добри сме до сега.
Тој само тоа и ми го кажува. Јас сакам да ми објасни се, а кога одам за 10 мин станувам и од секоја контрола имам само браво, супер, таман, одлични сте. И толку. Јас прашав денес колкави се и рече мажето ти одговара за 21 недела, а женското 20 и 2 дена, а јас сум 20 недела и 1 ден. И викам што значи тоа, ништо се е супер терајте си вака, одлични сте, супер, топ. Друго нешто немам слушнато...