Д димерите се добри, а времињата ти се малку скратени. Најдобро да се консултираш со трансфузиолог зашто тој најдобро ќе процени дали треба терапија. Јас не примав со слични резултати ама правев контрола.
И кај нас имаше таков проблем беше на сите мерки понапредно за недела две и во 5ти месец скриениот шеќер беше на горна граница фино лепо препорака за ендикринолог и диета без шеќери и без бел леб и скоро целосно придржување на диетата до крај и бебчо се роди 3.800 да не ја држев диетата 5 кила не ми бегаше провери си скриен шеќер може таму е проблемот.
Во 35-та недела 2443,во 36+2 2603. Нешто слабо напредната е ама сепак за една недела сум секако ќе се прати ситуација.
Во 9ти месец качуваат до 200гр неделно, а за порано мислам дека е индивидуално. Моето качи 900гр вкупно во 9ти месец ама и мерките не се секогаш точни. Го измерија 3500гр (12 саати пред пораѓај), а се роди 3900гр. Мислам дека на членката и е супер бебето.
Па не се ни 200 гр, 160 гр а од едно до друго мерење беа поминати 10 дена(знам знам си имам проблем со ситници ) Цело време си е во нормалата ама на долна граница, може едноставно си е такво бебето ( сака да биде манекенка ) Фала за мислењата, позитивно ми делуваат
Не се потпирај на тие мерки. Пред 2 недели двајца доктори во рок од 1 час различно го измерија. Едниот 3000 другиот 2700. И еден доктор да мери двапати може различно да добие, а се зема исто за релевантно плус минус 300 - 400 грама разлика од мерките. Не се грижи за тоа.
Еве ме, 30 + 6 бебе е 1452 г. И во ред е се. Јас и синко мал го родив, 3050 г се роди. Според мерки одговара на 29 + 6, циклус е 1 недела напред. Цело време е вака и докторот вели нормално е. Ти пишам за да не се грижеш.
Зошто мал Јуле, 3кг е таман. Мојата беше 2870. Најбитно е да е терминско бебе со развиени витални функции, килажата е помалце важна.
Од болница излезе 2950. Мене ми беше таман, па и на матичната, ама доста слушав коментари као мало бебе Оти не е 4 кг де. Глупости. Знам оти си е таман, ама секакви работи ќе слушнеш.
Синко на 8 години пушти мев Па и напредуваше во просек 600-700 грама на месец,само првиот качи 800 или 900 грама. Генерално, да мало бебе се роди, цицаше нели до 2 години, и отсекогаш си беше слаб, ама долг. Затоа и сега не очекувам дека ќе родам бебе од 4 кг.