Другарки што сте на протеинска исхрана, што јадете,дајте идеи.Што да јадам,смее ли да се зема протеински прашок во смути? Јас ич немам апетит,плус избегнувам глутен,млечни производи,месо само пилешко и тоа еднаш два пати неделно јадам,и немам ич апетит.Готвено исто.Живеам на смути,овошје и салати претежно.Благо не јадам исто.Со јајца несмеам да претерувам имам и камче во жолчка.
За прашоците читав дека нема некое мислење дали се дозволени или не во бременост ама баш заради тоа и не се препорачуваат баш во бременост. Од јајцата јади ја белката заради камчето. Јади јаткасти плодови, пилешко месо, грчки јогурт, лосос, протеински пудинг... Читам дека ги избегнуваш месото и млечните производи ама мораш некако да стегнеш заби и да почнеш да јадеш. Најди си некои интересни рецептчиња на интернет и готви си го така јадењето за да ти е повкусно
Штом јадеш овошје и салати можеш да вклучиш и авокадо. Можеш и во смути и во салати да го комбинираш. Друго веќе горе доле ти кажале што е пожелно да внесуваш.