Како добивате точна мерка за грамажа? Досега јас немам таков податок, туку само пооделно кој дел за која недела е и вкупна пресметка на која недела одговара плодот
Прашај го докторот да ти измери. Кога ќе измери исто како за другите делови на телото, од страна ќе пишува на која недела одговара тежината.
А како се мери тежина? Тоа не знам. Досега мислам дека воопшто ми нема спомнато. Ниту мислам за претходната бременост ми кажуваше, да не грешам душа. Само кажува за која недела одговара.
Со ехото си мерат, најнормално. Јас не ни знам кога мери, само ми кажува а потоа и си ги гледам сите параметри на сликичката вклучително и тежината.
22ра или 23та недела колку грама се проценети кај вас? @Lina-Detelina колку е кај тебе бебето? Само тебе те прозивам, не ми текнува на друга мешла.
24+1 - 800 грама, одговара на 24+3 Мене ми изгледа големко, докторката вика, таман си е. Се е во ред.
Девојки здраво.. мислење ми треба.. Во 30+3,кај специјалист на преглед бебево го измерија 1664гр Во 32+2 1800гр кај мојата матична. Инаку да напоменам во 30 недела матичната виде дека постелката почнала веќе да зрее,ме прати за дедимери беа 1050,значи океј.Во 32 кога бев пак постелката иста,без промени,има проток све океј.. меѓутоа 200 гр за две недели мие чудно.. очекував повеќе,секако си одговара за неделите .. Некоја мамичка со сл искуство да ми олесни,, ви благодарам