Мене со двете бремености од памет ме вадеа со такви изјави. Првата бременост, на денот на пораѓај, веќе во 41 недела, го добив истиот коментар. Дека сум многу слаба трудница со мал стомак и дека бебето е 2500. Вечерта се роди 3730. Втората бременост со месеци ме манкаа дека бебето е со мал обем на мешето и дека е многу слабо. Дека е неколку недели назад и ѓногу ситно, па после сумљаа дека бебушка има цисти на јајници... хорор ми ги направија последните месеци од бременост. Наместо да уживам јас се на штрек и во грч. Малата се роди права здрава со нормална големина на меше, 50цм и 3550( плус ја мереа одкако какаше 4 пати) Тешко е да се опушти чивек и да не мисли, на своја кожа два пати осетив, ама се надевам дека моево искуство ќе ти биде мало олеснување дека мерките и те како може да се утнати.
Жени, дали големината на плодот има врска со големината на стомакот? Еве за три дена ќе влезам во шести месец, а имам мал стомак. Дури само малку испакнато.
Па не баш, јас имав не толку голем стомак.. дури кога извадија бебе од мене 4400г им се смеев и не им верував Стварно незнам кај беше набутан синко.. или ептен склопчен
Бев на контрола вп 25+4 и синко тежеше 830 гр. Матичната ми рече дека најверојатно ќе биде големо бебе земајќи во предвид дека и јас голема сум се родила. Нека биде здраво и живо само тоа посакувам
За должина вака имам читано во еден учебник. Докторите рачунаат дека бременоста трае 10 лунарни месеци(ml), секој месец има по точно 4 недели. Па вака пишуваше: ml I - 1*1=1 см ml II - 2*2=4 см ml III - 3*3=9см ml IV - 4*4=16см ml V - 5*5=25см ml VI - 6*5=30см ml VII - 7*5=35см ml VIII - 8*5=40см ml IX - 9*5=45см ml X - 10*5=50см Должината варира со +/- 1-2 см, но други фактори влијаат на тоа.