36 недела 3500гр го мереа. Мерките 3+ недели идеа понапред. Се си беше во ред. Еве го дечко ипол е сега
И моето беше цело време поголемо за 2 недели, па супер си е. Самите доктори ми викаа супер што е поголемо, поготово што требаше порано да го извадат поради заматена плодова вода.
Денеабев во клиниката и таму ми ги измерија. БЕБЕ 1 : 1700гр БЕБЕ 2 : 1780 гр. Е ај сега кому да верувам .
Бебето ми е 10 дена поназад, сега сум 33 + недела, дали има простор за паника, ако може некој да сподели искуство.
Најбитно ти е на доплер да следите дали се добри протоците. Големината на ехо, ретко кога испаѓа точна на крај. Мене ми го водеа 3300 до крај второто бебе, се роди 3800. Внук ми го водеа 3600, се роди 3100. Битно во последните недели е да му стига храна доволно. Никаква паника. Првото дете беше цело време 3+ недели, се роди 4300+. Само провери скриен шеќер да си мирна. Истото што го пишав погоре. Најбитно ти е да ти прават доплер редовно и да ги мерат протоците, дали доволно се храни бебето. Нема врска полот, а и не е ништо значајно тоа.
Пред една недела 3490 Сега 3550. Зошто толку малку напреднало има ли простор за паника? Искуство некој да има со ова?