34+6 - 2272 gr Некако малечко ова мое бебе, иако рекоа убаво си напредува сега читајќи тука стварно помалечко е.
Се надевам барем до 3кг да биде. Првото го родив 2.900 и тоа ситно, сега се надевав дека поголема ќе биде девојката. Само нека се живи и здрави..
Дај Боже и да е повеќе, за 4 недели има качено скоро 800грама. Докторката рече се си е нормално и добро, ама јас вака со споредба гледам дека е помалечка.
Зависи и вие колкави сте, плус девојчињата (во просек) се раѓаат помалечки. А и на самото ехо си пишува дека е таа тежината +/- 400гр, така да може и повеќе да е. Не се секирај има време, ќе си порасне уште 1кг најверојатно зависи која недела ќе се породиш.
Тоа е и иронијата двајцата сме високи, јас сум и крупна жена Ама ете нема правило. За првото се смеев голема жена, а толку мало бебе родив. Го родив 2900, во болница спушти и до 2600 килажа. Сега се надевав девојката дека може покрупна ќе биде. Здравје царски ќе бидам после 38ма недела.
Само да знаете на крај не ни мерат точно. Ми го мереа бебето 3 недели по 3300 точно, ни плус ни минус. Се чудев и се секирав како не расте. Се роди 3800. Последниот месец е поважно протоците да се добри, не може точно да измерат колку расте зошто е тесен веќе просторот .