во четвртокот бев на преглед 19та недела и 4 дена а бебушот 327 грама (едно солидно милка чоколадо) ,ама како клоцка а е само 300гр.тешко мене кога ке се подздебели
се пронајдов во твојов пост! и јас кога бев 35та недела, исто сите мерки беа во ред, само бутната коска покажуваше недела ипол застој- и објаснувањето на докторот беше дека не може да ја фати цела бутна коска, башка дека е искривена малце а он мери право и во тој заобениот дел се губат неколку мм компјутерски и дека се сие во ред, и си се развива како треба и ич да не се секирам. Инаку и ја во 7ми месец ставив 500 гр. а во 8ми 2,5 кг речиси-баш како и ти. И баш ме интересира како се одвиваш до сега, а и можеби си се породила па колкаво бебче роди ?
Па овој пост од Шпагетка нели е малку постар, од 2011 година и до сега е породена и детенцето и е и пораснато
не ја видов годината како и да е, некоја да се пронајде во сл. ситуација па да сподели искуство за утеха???
Кај мене напредуваше во тежина дури повеќе од колку што треба, и наеднаш при крај на 35 недела кога одам имаше многу малку покачено. Докторот рече дека е се во ред ама колку што знам баш при крајот ставаат повеќе на тежина. Постелката ми беше степен на зрелост 2. По неколку дена ќе одам пак па ќе видиме што се случува
е па и да пишеш тука како се развива бебушот- баш ме интересира, види бутната коска дали одговара со гестациската недела, или мене ме смота мојов доктор дека не може да ми даде точна мерка ....
Кај мене од почеток па до сега бебчето е понапредно за две недели, докторот ми рече дека нема место за паника дека се си во ред ама ете никој незнае со сигурност кога зачнал па затоа се тие две недели плус минус,