Денес бев на конторла според циклус сум 29 недела и 4 дена а според мерки 27 недела и 5 дена Бебушот тежи 1135 Се загрижив многу
Касна овулација си имала, ништо страшно. Има многу членки овде како тебе. Плус и баш си има супер тежина. Не се секирај. Супер е се.
Јас сум со покасна овулација треба да сум 13та недела а јас сум скоро 12 недели...Од почеток е така не се нервирај ако е се в ред нема гајле. Прв скрининг сеуште е мало ама за мене е веќе големо хаха должина 5.5 цм и 61 грам
Да но ова важи за нас што сме од прв преглед така. Јас од почеток од 6та недела сум 10тина дена назад, со тоа што околу 12та бев 7дена, во 17та бев 6 дена разлика , што значи океј си расте бебето, ама ако од почеток им се поклопувале неделите и сега почнало да заостанува можно е да нешто не се храни бебето добро или не го измерил докторот убаво.
Дали и до сега бебето беше наназад со мерки или само сега на овој преглед ? Докторот што ти рече ? Некогаш стварно не ги мерат убаво, или да одиш и на друго мислење? Кај мене од старт е наназад бебе, знам дека имав доцна овулација. Еве пример бев последно на контрола во 36+5. Главче одговара на 37, а меше и бутна коска 35. После гледам на сликичката пишува дека бебе одг на 35та недела. Инаку килажата на бебето е супер, еве баш по нет што читам со килажата одговара во 29та недела.
Од самиот старт беше така, беше назад недела и пол, Сега ми рекоа да исптам д димери,крвна слика и скриен шекер Плус да пијам многу вода
Тогаш не се секирај штом од сам старт е така. И кај мене е исто, сега зависи и како ќе го измерат ама секогаш беше поназад и моето. Ти провери си сите работи што ти ги имат речено и ќе видиш на следна контрола.
29та недела а плодот одговара на 31-32 вчера кога ме видоа на ехо. Немам скриен проверив. Дали е лошо?
Не, и кај мене е така. Поголемо бебче, не знаат кога е точно настаната овулација. 10 дена ми го скратија терминот заради мерките.
Па кај мене скоро три, набрзинка ме прегледа заради продолжување на боледување бев и ми рече ок е. Ќе одам деновиве кај матичната како и да е.
Девојки здраво, Читав нешто уназад по темиве, ама не знам ни јас што се прочитав, памет немам веќе од грижи. 33+6 сум, од утре здравје почнувам 34 недела. Вчера бев на преглед, и докторот ми вика бебето е на долна граница, не напредува, и да одам утре сабајле на преглед, да видиме како ќе биде. Ако не напредува, да ме пораѓа предвреме. Да напоменам, идам кај Дракулевски во Систина, докторот ме знае веќе со години, цела историја и маки он ми ги решаваше, и безрезервно му верувам. Некаде докај 28ма недела, бебе го мереа и понапредно, дури бутната коска бајаги поголема (и јас и мм сме високи), ама генерално си беше понапредно. Некаде 31-32 недела беше во опсег на нормала, како што треба да биде, со тоа што мешето беше поназад, а бутната коска вадеше просек. Е сега, веќе од 32 недела, почнува да касни, и сите параметри покажуваат дека е помало. Протоци последно мерев 32 недела, и се си беше како што треба да биде. Во прилог ставам и сликички од последните мерења во последните 3 недели. Има ли простор да паничам, и може ли некој да сподели позитивно искуство? Од друга страна, си викам ваљда и не измерил како што треба - беше додуша набрзинка малку, дека беше крај на работно време, и после тоа, ама ми нема некако смисла FL да била подолга минатата недела, а сега да е пократка - па не е сало, коска е, може да стагнира, ама не може да се скрати валјда. Да напоменам и дека јас не само што немам накачено килажа, туку и сум ослабена 4-5кг од почеток на бременост. Со серклаж сум на лежење од 23 недела, така што и сите мускули ми се ослабени, а и мака мачам со повраќање, што не можам да сварам и задржам никаква храна. Веќе примив две дози зреење, 29 и 31 недела, ама се надевам барем 36 недела да стигнам, да не мора бебче во инкубатор да лежи. Се надевам дека некој може да ми даде мала утеха, и се надевам дека утре на преглед ќе биде друг муабет дека се е ок, и тераме напред.
Не е голема разликата во резултатите, личи како да стагнира , оди утре ќе ти провери све што треба. Си примила зреење, плус бебе според килажа е околу 2кг , и да те породат сега ништо страшно не е , може ќе полежи некој ден бебе во инкубатор а може и не, може ќе издржите уште барем недела две па ќе избегнете инкубатор. Во секој случај кај сигурен доктор си , без грижи