Izvini sega citav 10 dena ti skratile termin jas sum 37+5 po merki bebeto e 40 ama nisto ne mi kaza samo zakasi termin vp bolnica denot koga treba da se porodam za kontrola da imam termin ako ne se porodam pred vreme ni ctg ni nisto
Ти во странство си, може таму е поинаку. Вчера во соба имав цимерка што исто и беше скратен терминот и 37+5 и ставаа провокации за пораѓај. Пошо бебето и тежеше веќе 4 и нешто кг. А она мала карлица и за побрзо да ја породат зашто после ќе треба царски. Иначе тоа им значи дека као би се породила до тој термин според мерките, што и немора да значи.
Vcera bev na kontrola zosto i so diabet sum ama bebeto mi e 3500 gr da bese plus 4 kg ovie so diabet vo 38 gi porodat i tuka ama ako idam do termin i mojot ke bide plus 4 iskreno pocna strav da mi bide kako ke ppominam na poragaj so tolku golemo bebe
Бев сабајлево на преглед кај Дракулевски, не го мереше, ми вика пред 2 дена меревме, не очекува големи промени. Провери проток на кислород во мозоче, тоа се си е ок, како што треба да биде, плодова вода рече дека има и повеќе од доволно. Ми рече ќе биде порано, само ќе следиме кога, грамажа не ме интересира, битно да се протоци добри и цтг како што треба. Ми вика 34 чим почнуваш, не се секирај, се е како што треба. Од сега сум секој ден на цтг, па ќе видиме. Јас упорна, сега следен milestone да фатам 36, па да се молам и за 38. Ден по ден само
Чим протоците се добри , ништо страшно, опушти се сега и уживај, на сигурно си како и да е , не е многу рана недела, сепак бебе и да се роди ќе биде добро
Реков не отворам во темата за да не се споредувам и разочарам, но сепак отворив. Во понеделникот 28+1 околу 950-980 гр. беше бебе. Мене ми се виде малку, го прашав докторот, тој рече, не ок е. Сега читам овде, доста заостанува споредено со другите. Повеќето се над 1200 грама. Ќе морам на друго мислење. Баш сум загрижена. А јас за 1 месец, само 1 кило се здебелив. Воопшто немам апетит. Да напоменам, каснам 2-3 недели со овулација. Друга некоја слично искуство?
Може ме имаш читано скоро и јас паничев поради тие мерки. Кај мене две недели назад беше бебето кога мереа, се породив пред 2 дена во 38+5 - 2750 грама бебе. И кај мене беше касна овулација, ама бебе си е добро. Не се секирај ќе си пораснат после. Јас цело време се стресирав, околу мене се' големи бебиња, а моето мало а мене да ме видиш висока и крупна ама нема правила. Твојата килажа нема врска, јас имав вишок па слабеев дека пазев на исхраната. Нормални оброци и ќе си биде добро се'.
Леле Марси баш ми е мило што ми одговори, па да дознаам дека си се породила Честитки мила, здрави и живи и ти бебушот Не те читав конкретно тебе, одамна намерно не отворам во темите, повеќе стрес ми е ко ќе читам Мило ми е што бебето е добро и се' е како што треба. И јас сум висока, но јас и пред бременоста не се дебелев лесно,па ни сега. Важно ми е бебето да си прима, а за мене мање-више. Ќе пробам овај период повеќе протеини да внесувам и ќе видиме како ќе оди. На приватен преглед исто планирам следнава недела и да сум раат. Ќе пишам апдејт.
Хелоу Не сум може компетентна да кажувам, ама и јас се стресирам повеќе со самото читање. Кај мене до 28-29 недела, бебче мереше цело време напредно, посебно во однос на бутна коска (и јас и мм сме доста високи), и некаде околу 31-32 недела се изедначи според тоа колку треба да биде. Од 32 недела некаде почна малку да стагнира. Меревме последно сега во четвртокот (34+0), имаше напредок, според мерења некаде околу 33+2, и околу 2200 грама. Исто и јас сум релативно слабичка, и тешко качувам килажа, (181цм со 65кг), дури со настинка што ме држеше 3 недели, симнав килажа, и последно бев 59кг пред недела дена. Плус, со серклаж сум, и на лежење веќе 3 месеци, па веројатно и тоа си има врска со килажа и слаби мускули. Престанав да се замарам со килажа, само протоци и бебе да се добри и да напредуваат - сите бебиња се раѓаат со различна килажа, битно ми е да е жива и здрава, и да догурам што е можно подалеку со гестациска недела.
Може ли да ми кажеш која година си породена во Систина? Можеш ако сакаш да ми пишеш и приватна порака (јас не можам, затворен ти е профилот). Се соочувам со слична ситуација, со тоа што јас моментално сум 34+5, и бебето не напредува, го мерат за 33 недели, и е околу 2000-2100 грама (Имам примено и инекции за зреење во 29 и 31 недела). Постелката е веќе созрена и најверојатно поради тоа бебето не може да се храни доволно. Вчера на контрола докторот рече дефинитивно ќе биде порано, со тоа што спомна дури дека може и сега во петок (би била 35+1), па малце ме фати паника за дали ќе треба инкубатор, и од што се зависи тоа. Би ми значело доколку можеш да споделиш искуство.
Душо, другарка се породи во 40та недела бебето беше 2100. Друга во 40та 2600. Трета пак во 38ма 4кг. Неможат точно да измерат, не се секирај, се ќе биде добро. Ќе видиш.
Ивана најпрво ептен ми е мило и драго што стигна до сигурни недели со бебче Само сакав да ти кажам да не се секираш, што и да е, и како и да треба да биде докторите знаат најдобро, верувам Дракулевски соодветно проценил. Има мал милион примери различни не е секое бебче исто, јас знам 33 недела родено без никаков проблем после неколку дена домче, друг пример 40та на кислород бебче. Ти пуштам среќа, ќе биде се добро
Леле не знам што да мислам веќе. Не знам ни колку се точни меркиве, искрено се надевам дека кога ќе се роди бебче ќе им покаже дека сите грешно ја мереле. Од друга страна, јас не знам ни како, и колку точно ја мерат. Еве за споредба, во четвртокот бев кај Котларова во Ремедика (34+0, а последен преглед кај неа ми беше 32+0), и според нејзините мерки, бебче имаше напредок, и одговараше целокупно на 33+2, значи 4 дена каснење, и тежина од 2215г (36.5%). Вчера, кај Дракулевски (34+4), според неговите мерења, искача дека е 32+3, и 2038г (8.1%). Си викам голема разлика е. Он не е многу темелен во однос да опфати се со прецизност, ама еве да напоменам, ми ја знае цела комплицирана и лоша историја, и ептен му верувам, комплетно. Протоците се добри, ама он вика бебе стагнира, постелка зрела, значи не може да се храни доволно. Ми вика подобро да се извади додека е уште добро бебето, да може надвор да се бори и да напредува, отколку да чека да се влоши ситуацијата. Еве ќе ги прикачам и двата наоди од Котларова и Дракулевски, ама ептен ми е чудно, зошто верувам дека бебе може да стагнира, ама не да оди назад. Знам дека се милиметри во прашање, ама пак, во ситуацијава, секој мм значи.
Фала ти многу, праќам гушки еден тон, се надевам дека и ти се држиш добро со лежењето и си растете. Многу се исплашив од самата помисла дека може да биде во инкубатор, ама во право си, докторите најубаво ќе проценат, и се надевам дека ќе биде доволно силна за да може во исто време да си одиме дома, да се гушкаме и растеме.
Во петокот бев во Систина и пошо бебето ми е недела дена понапред, докторот ми кажа дека веќе при крај бебињата се изедначуваат и почнуваат и да стагнираат пошо и немаат веќе толку простор, и тоа е најнормално. Иначе Котларова е една од најстручните докторки во државава, јас би се ослонила на нејзе. Нејзе и Димчев ги сметам за најстручни. Јас кај Димчев одам на скрининзи. Ама ако пролисташ по темиве за Котларова ќе прочиташ само најубаво зборови за тоа каков доктор и пол е и темелен и достапен за се. Јас мислам дека се ќе биде супер, да не се секираш.
Да, и неа ја знам уште одамна, и ми ја знае исто и историјата, и сметам дека е доста темелна во однос на мерења, затоа паралелно одев и кај неа за скрининзи. И кај мене до 28-9 недела, бебе мереше понапред, воглавно и поради бутната коска што беше долга, на двајца високи луѓе, и во 31-32 недела, се изначи и одговараше точно на гестациската недела. Е сега, од 32 недела веќе почнува да стагнира, и накачува по многу малце. Да напоменам дека и "се гледа" дека нема да биде големо бебе, јас сум со серклаж и на лежење од 23 недела, па не само што не накачив, туку и ослабев во килажа, а на изглед во меше личам како да сум 4-5 месец. Ама си се тешам и се надевам некако дека сум висока (181цм), и бебче си се наместило фино, па дека ќе се роди со поголема килажа од тоа што ја мерат.
Ќе се роди супер ќе видиш, еве и Марси исто како тебе и на крај 2700 се роди, а се паничеше цело време заради мерките. Не можат они скроз убаво да измерат, затоа има она range гледаш, +/- 300 кај што пишува. Од таа и причина е, не можат да бидат сигурни. Плус и зависи како е поставено, кај мене Димчев одвај го измери, одвај пошо карлично, се изнамачи. Да не ти кажувам на државно неписменине… колку од памет ме извадија.. и цервик ми скратија 1цм у мерки… за со плачење да идам во Систина и да биде се во ред. Затоа слушај ја Котларова, и не се секирај. Може и тоа што помалку јадеш, ама бебе си зима што му треба не се секирај.
Фала ти многу на одвоеното време и утеха, баш тоа што ми фалеше да слушнам. Ќе биде сигурно се во ред, и во добри раце сум, башка бебе си е борец на мама.