2018 се породив. Иста ситуација бев две зреења примив. И мене ќе ме пораѓаа 35та, ама секој ден беше ај уште еден ден уште еден ден и истерав уште. Примаш клексани? Јас по два примав. Со лесно мајка, се надевам ќе истераш колку може повеќе
фала ти многу на брзиот одговор. И јас се надевам да избуткам до 37ма, сма ќе видиме, ден по ден одиме сега, одам и секој ден на цтг. Инаку со клексан сум од 5та недела ради мутации, еднаш од 0.4 - немав во план да одам кај Јани, се обезбедив со клексани за до крај, само сега се замислив да не треба и јас 2 дневно.
Мене поради тоа што не напредуваше ми зголемија по два, одев кај Јани и плус др Ивановски сметаше дека треба по два.
Го немам сочувано бројот на Јани, знам дека еднаш се слушнав со него телефонски, ама не сум го сочувала бројот, ќе пробам и да го најдам пак (ако некој има плс нека сподели број), па баш и него да го прашам, дали да зголемувам на два. Инаку бев сабајлево пак на ЦТГ и преглед кај Дракулевски, протоците до мозоче супер, има и напредок мал, што ептен ме израдува. Јас денес почнувам 35 недела, по тоа што мереше, бебче одговара на 34 недела, и е околу 2362г. (Во понеделникот мереше околу 2038г, а Котларова минатиот четврток на 34+0 мереше 2226г), така што претпоставувам дека е тука некаде во тежина, што ептен ме израдува, значи сигурно и до мерењето е, кој како ќе фати, зошто некако ми нема логика за неполни три дена да има качено цели 300 грама. Еве ја 36та недела каде е, сега бројам до таму да стигнеме и да напредува бебо