Здраво на сите. Во понеделникот бев на ехо во 29+4, и докторката ми кажа дека за разлика од изминатиот преглед кој што беше на 27+, главчето на бебето заостанува 4 дена, пример одговара за 29 недели а сум била 29+4. А пред тоа во 27+ кога бев на преглед беше 3-4 дена понапред. Останати мерки ок, килажа исто само ме загрижи тоа дека помало. Ми закажа за две недели преглед па тука ми остана паметот. Дали да почекам или да барам и друго мислење. Во прилог ќе ги прикачам мерките па може некоја од искуство ќе ме смири малку барем до следен преглед. Ви благодарам
Во глобала девојчињата имаат помало главче од машките. Не се секирај, мене до 31ва ми го мереа недела дена понапред, и наеднаш во 31ва ми вика си одговара на неделата… и за во 34та да ми кажат дека е 3 недели поголемо, и еве 37ма сум, 3 недели поголема ја водат. Претходниот петок не можеше ни да ја измери главата како што треба, зашто се имаше напикано во ребра, се изнамачи. Не се секирај, на 10 доктори да отидеш, сите 10 различно ќе измерат.
Здраво, денес сум 26 недела и сабајлево бев на контрола, тежината на бебето беше 1220гр дали е тоа многу? Пред еден месец го мереше една недела понапред, но сега ништо не ми спомна за тоа.
Да, пред две недели испитав све беше во ред и д-димери исто супер. Незнам дали да одам на друг доктор, во Ре-Медика ги правам скрининзите и сега за еден месец имам повторно контрола таму. Дали да одам порано или да почекам до тогаш. Можно е матичната да немат мерено добро или да одам сепак за помирна да сум? Измешани ми се мислите некако.
Не се паничи, не е страшно, генетика е. Јас сум 37ма 3800 ми тежи. Некои се раѓаат со помалку од ова. Едноставно и јас и маж ми сме големи. Не си прави стресови ако се е во ред немаш место за паника. И мене ме прашуваат за скриен шеќер и сл, исто се беше супер резултати, маж ми 4 и кусур е роден 56цм. Така да генетика.
А другите мерки како се? Не се гледа тежината, туку пример главче стомаче и бутна коска како е со димензии и на колку гн одговара. На крај не ги мерат како што треба, мене сабајле пред пораѓај 3300, го родив 4кг
Затоа и нема потреба да паничи. Ако се е останато оке, нема потреба од паника. Моево е големо стварно од почеток, јас и осеќам дека е големо и тешко. Тие мерки се просек, не е секоја жена иста. Така да нема потреба од загриженост.
Нека се здрави и живи само, големи мали ќе си пораснат сите. Јас викам полесно е со помало бебе, и полесно ќе го родиш 3кг него ли 4кг бебе
Така е, другарка 2600 40та полна го роди, па вика леле страв ми беше да го држам од толку ситно, друга па.. 11конци има доле од 4кг бебе, ама се се заборава. Нека се живи и здрави само.
Ви благодарам на двете, ќе издржам до контрола ваљда ако имаше нешто лошо ќе кажеше. Малку чудно ми дојде само дека првото со 3100 го родив, па ова можно е да е поголемо.