Жени раѓале по 5кг деца природно, зошто да не можеш? Мене првото ми е 4100 природно родено Едит: плус на крај не можат да ги измерат точно скроз
Таман си е бебуш мила, во 21+3 кај мене бил 499гр. И на самите мерки на ехо имаш грамажа +/- , точно неможат и онака да ги измерат.
два дена сме назад ама изгледа со другите мерки вкупно. одговара на 21+4 затоа прашував. првото се беше напредно
15+2 (по последен циклус) вика докторов дека е 142г бебе, го проценува за 15+ 6 или 16 нед гледам пиша на картонот.
16+2, бебе 188гр, по мерки за 17+2 ми рече. Не е многу за една недела 46 г да качи сега. Читам од 20 та недела натака качуваат по 50 г.
Ич да не му ја мислиш, буце бебе ќе биде. Плус воопшто не можат да доловат килажа на ехо. Затоа има +/- горе. Уживај си, таман си е.