31+5 Бебе А е 1.560, бебе Б е 1.700 32+5 Бебе А е 1.760, бебе Б е 1.860 33+5 Бебе А е 2.000, бебе Б е 2.300 Последново мерење преголема разлика.. неверојатно ми е толку премногу да пораснат.. иако пишува +-300 гр..
Сега најмногу растат, може и по 200-300 гр неделно така што ќе си порасне, не се секирај, таман си е, а и не може најточно да се измери.
Ама што се споредуваш ти со сите. Од кај тоа дека ќе биде 2700. Плус не е толку прецизно ехото. И си игра улога и генетика.
Се што е над 2500 и со развиени витални функции е добро. Сепак па и не мора да е 4 - 4.5кг, нема да трга во школо одма . Поситни се послатки
Кај мене 36+3 го мереа 2.500,малата ја родив 3.450 ова ќе биде помало од неа,ама нека е здраво и живо ќе порасне само да биде добро.
Не се замарај а и не е точно ехото. Мене во 38ма 3550 ми ја мереа, 38+5 се породив 2800 бебето излезе. Скоро цело кило разлика
Не се замарај многу за тие мерки. Во 35та недела ми го измерија 2933гр. Се породив во 38+5 и син ми се роди 2980гр, па сега види.
Не се оптеретувај, на преглед пред прием во болница 37+4 ја измерија демек 3600 се роди 2740... Правила нема. А и не е мало не се секирај... Слушај паталец. Сите ми викаа леле многу е мала вака така... На 3 месеци си дуплираше тежина.