Да се надоврзам со тебе , исто и сестра ми имала септум . Првата внука се заглавила со газето на една страна , главата на друга страна од што се направила матката срцевина. Се роди 2600 гр 48 см долга.
Мене така ми беше помало е од последен циклус. Одев кај двајца доктори дури и на болница бев . Да речеме од тројца доктори различни мерки ниту еден не погоди колку гр е се додека се роди. Го водеа како помало цело време пиев аспирин( испитајте ддимери) се додека го пиев беше океј со гр ама кога го прекинав стагнира. Објаснување немаа верувај дека и да е помало ќе си порасни. Гледај после да напредува како што треба. Плус и гени се во прашање не можи од родители по 1.60 да се очекува големо бебе
И со прва и со оваа бременост од старт ме водат 2 недели назад, плус во оваа бременост бебето има една умбиликална артерија наместо 2 и ми рекоа дека ќе биде поситно бебе.. важно е да не заостанува.
Дали некоја од вас има искуство во 28 г.н. на редовен преглед кај матичен гинеколог да забележи застој во раст на стомачето на бебето за скоро две недели во однос на другите мерки кои се во нормала за неделите. При тоа постелка, протоци и плодова вода се е во ред.
Мислам дека до 2 недели се толерира. Треба почесто пратење и контроли.. Моето прво бебе накај 30та недела почна да качува по помалку килажа, ама сепак си качуваше, макар 30/50 грама неделно. Се породив 38+6 бебе 2470. Додека качува макар и по неколку грама нема страшно. Ама мора редовно пратење.
Здраво женски. Бремена сум 32+5. Веќе 2 месеца се боцкам со инсулин и шеќерот на гладно и саат време после јадење секогаш е океј. Претходната недела кога бев на контрола во понеделникот бебе беше 1741гр, а вчера 2433гр. Гинекологот ми препорача повеќе единици да боцкам бидејќи мешето на бебето е поголемо околу 2 недели а исто така и самата грамажа на бебето. Денес се слушнав со дијабетологот и таа ми рече дека доколку шеќерот е нормален, нема отскок дека не треба да качувам единици бидејќи не секое бебе се развива според книга и дека не се сите бебиња исти. Има некои што се поголеми и има некои што се помали. Мене ми е јасно бидејќи маж ми е роден 4500гр, и кога го кажав тоа тука на докторите тие се чудат бидејќи Германците сакаат се да биде според книга. Па мене ме занима како напредуваа вашите бебиња? Дали е стварно премногу зголема грамажата или не?
Ултразвукот многу пати дава и погрешни мерки, знае да отстапува и по 200-300 гр. кај мене второто детенце се роди 4.200 гр. а до последен ден ми викаа 3800-3900гр. дека е. Споредбено со тоа во која недела си, мерките да кажам, се во нормала, околу 2000гр. треба да е тежината на бебето во таа гестациска недела, отстапува околу 300 гр. што не е многу, рачунај дека ултразвукот дава и погрешни информации за мерење на бебето, не секогаш точни. Така да, не отстапуваш нешто премногу од тоа колку е границата. Ако викаат дека не треба да зголемиш исулин, слушај ги знаат најдобро, следи со гинекологот истовремено, и секако редовно мери си го шеќерот. Се гледа крајот на сето ова мајка, ќе биде се добро на крај и ќе си родиш живо и здраво бебе, само без стресови и нервози, тоа е најгомата причина за хронични состојби. Со лесно!
Здраво, Јас го имам истото искуство. Се породив 36+4, бебе беше 1810 грама. Беше во инкубатор 7 дена, поради моја претходна историја, сакаа да ја следат, инаку сама дишеше, немаше потреба од кислород. Јас боцкав клексани цела бременост, на крај ми рекоа дека плацентата ми била мала и бебето не се хранело доволно. Провери д димери, често тие се проблемот. Поздрав
И јас боцкам клексани и баш после тоа испитав хемостаза и д димери беа во ред. Наредна недела сум на контролен преглед па ќе видиме што ќе кажи докторката.