Некои ништо не јадат цела бременост од што им се лоши и повраќаат па раѓаат големи бебиња од по 4 кг.Или пак обратно, така да нема правила, само да се роди живо и здраво
Dali ve vodat po merki ili menstruacija mene od start me vodat dve nedeli nazad od menstruacija I za poragaj valdq po merkite ke go zakazat carskiot rez
Кај мене од старт беше две недели поназад (доцна овулација). Кога стигнав до соодветна недела сменивме датум на менструација и си се водиме според бебето за да не доаѓа до забуни и да не треба кај сите да објаснувам зошто е поназад.
По менструација. Моето прво дете по мерки беше 1 месец помал едно време, т.е повеќе (3 кг се роди). Термин ми беше околу 20 декември, се роди на 28, а на последните ехо прегледи имав термин по мерки 28.01. Тогаш ќе бев 47 недела трудна ако се водеа по мерки . Да напоменам дека не е покасно зачнат, знам точно кога е зачнат.
21.02 ти е последна менструација? По некоја пресметка точно си е како што треба. Ти рекоа дека е помало/поголемо?
Девојки здраво, Денес бев на контролен преглед кај матичен месец дена по вториот скрининг, 25+4 сум. Додека ги правеше мерењата спомна дека со 1 недела време напред сум и ме праша дали јадам касно, дали јадам благо... (а не кажа која/кои мерки одат напред) Кажа дека се е во ред, но ова малце со неделава напред и со прашањава ме замисли малку и ме маваат филмови оти на вториот скрининг ден два одеше напред. Дали е нормално да е напред плодот во овие недели од бременоста, дали е ОК или некаков знак? Прва бременост ми е и немам искуство па споделете ако може?❤️
Мене на почеток ми велеа дека е многу мало и дека термин ми е 11 Март (според менструација треба да е 4 Март) а сега ми велат дека е големо по мерките па ми го сменаја терминот на 1 Март. 1 недела не е некоја разлика. Битно знаеш во кој период треба да се роди. После 37-38 недела е веќе нормално па се до 41ва. Мал процент се раѓаат на предвидениот датум. Со лесно и не се секирај
Вака да ти споделам искуство и јас, моето бебче уште на самиот почеток (12недела) беше 6-7 дена поголемо. Потоа на секој нареден преглед по 9-10 дена и тоа сум била и кај различни доктори и секаде исто се мереле и никој доктор не кажал дека бебето е поголемо од што треба или дека датумот за пораѓај ќе биде преместен за порано. Сите доктори истото се го кажале декаа тоа е генетика бидејќи и јас и сопругот сме доста високи, едноставно сите деца не може да бидат исти. И најбитно е кривата на раст да биде во ред. А инску сега суѓ 32 недела и бебе си е исто 10 дена поголемо.
Здраво, некој да имал проблем со протоците и уште колку недели издржал. На 29+5, бебе стагнира, тежи 1кг и стомачето му е скоро 3 недели поназад, ми викаат уште 2 до макс 4-5 недели и да ме породат. Бремена сум со близнаци и ова е проблем кај едното бебе, другото супер си напредува. Клексани примам од старт 0.4.
Кај мене од 28ма недела беше помало во стомачето околу две недели и така е цело време еве 36та недела сум сега. Ама протоците беа и уште се во ред. Исто примам клексани од почеток.
Мене ми кажаа дека проблем се протоците и ако се влошат ќе мора одма да ме породат, не се храни доволно бебето и ради тоа заостанува во мешето. Другите мерки се понапред(главче, бутна коска ок), 1кг тежи и има лесно намалена плодова вода.