Зависи од градбата, кај некој се познава уште на почеток (од подуеност), кај некој дури во 8ми. Кај мене на пример, покрупна сум, до 12 недела стомакот ми беше како за 7ми месец. После дури од 28-30та некаде почна да ми се познава “труднички стомак”, а сега наоблечена дека зима, изгледам само дебела
Да, докторот барем засега вика дека се е добро фала богу но ваљда е до градбата на телото а втора бременост ми е, се поправив 10 кг а не се приметува
До градбата на телото е и поставеноста на бебето. Штом бебето добро си се развива, немаш простор за грижа. Јас во бременоста имав само 9 кг плус, до 6 месец ни стомак немав, после почна да се познава, ама ни во 9ти месец не ми беше посебно голем. Бебето се роди 4+ кг, здраво право.
Доколку се развива добро тогаш нема никаков проблем а и кај прворотки не се познава толку многу. Сепак и до градбата е. Јас до 7ми месец имав рамен стомак,сега за неколку дена влегувам во 9ти месец и се познава нормално ама не е голем а бебето е отприлика 2500-2600грама моментално
34+6 2100гр Претходно 32+4 1950гр Некако како слабо да напредува, иако докторката не кажа ништо такво.
Ситно бебенце е. И моето се смета за мало но ќе си порасни има време до термин. И генетиката игра голема улога. Битно е да е добро оформено. Дали е се во ред со плацентата?
Па докторката не спомнс ништо конкретно дека се е во ред, и дека е живо здраво бебе. Јас бидејќи ќе бидам со царски се молам да порасне до тигаш бидејќи првото го родив во 40+3 и имаше 3380гр.