Дечки не знам дали темата е за тука, но ми треба ваше мислење. На втор преглед во 8ма недела бременост докторот ми рече дека од првиот преглед до сега ембрионот има многу мал напредок. Направив бета тест и за 2-3 дена треба пак да направам за да се споредат вредностите. Ако не се зголемат рече дека бременоста треба да се прекине. Избезумена сум, тажна и не можам да се смирам. Ве молам, доколку некој од вас имал ваков проблем и се на крај излегло добро да ми каже…барам барем малку утеха до следниот преглед