Здраво девојки, јас сум 28 недела, на 27/2 бев на преглед и прв пат ми беше измерен плодот колку е тежок, беше 1062грама... нормално ли е ?
40 недела 3 400 Оваа тежина ми ја кажа матичниот во 37+3, искрено тогаш ептен многу ми се виде, и се исплашив да не стаса до 4 кг бебето. Ама многу утнал матичниов. Оваа тежина ми ја кажаа кога ме примија В болница бев точно 40 недела, тогаш ми беше терминот. А бебе се роди 40+1 Тежина 3 550 Долго 52 цм
Добро последната мерка не е премногу утната мене матичниот секогаш ми потенцира дека е можна 10% отстапка. Значи на 3000гр 300гр +/- Како и да е битно да е живо и здраво
Да последната не е утната многу. Знам дека може 300 гр + - ама тогаш во 37 недела се замислив си реков ако тераме до термин бебево 4 кг ќе се направи си велев како ќе излези и после кога ми кажаа В болница иста тежина си реков добро е нема да биде до толку буцко. И сега леле какви обравчиња има само за бацување.
Моево во 27+2 беше 1152gr. Во однос на одговарање главче и стомаче со гестациските недели што ти пишува на извештајот? Дека мене тогаш ми рекоа стомачето дека и е помало за недела и два дена (одговараше на 26+0) па бев на протеинска диета и за 3 недели качивме 633gr.
Колку само не треба да се базираме и да се оптеретуваме со овие мерки. Мене на ехо во +37 недела ми кажаа 3300,го родив +38 недела 2940.
Pri poroduvanje normalno e da izgubi 200-300g od tezinata sto ti ja kazuvale ba pregled, isfrlas plodova voda, placenta...itn
Тежината што ја кажуваат при преглед е тежината на бебето. И нормално е дека не може точно да се измере, секогаш има варијации. Плодовата вода и плацентата заедно не тежат 200-300гр. туку приближно кило и пол.
А мене утка 900г и тоа пред да раѓам го мереа 3500, а се роди 4400. Сега пак и женсково мало ми го мерат, а не ми се верува јас мало бебе да носам еден доктор во Чаир рече само ова бебе е над 4кг, а јас му се изнасмеав и не му верував.
Не мора да значи дека ако едното било големо дека и тругото ќе е. Внука ми е родена 2900, а внук ми над 4. Нема правила.
Исто и мм и золва ми, она 2700-2900, а мм 4200... и јас нешто не мм голема 3200г, па женско како женско може ке си е помалечка, ке видиме...
30 недела: Бебе 1-2050 гр Бебе 2- 1950 гр Некако брзо и многу ставиле на килажа. Првото мерење ми е од матичната,второто од Систина