Ми ги задржаа таму последниве сликички во документацијата, имав и висок притисок па ми правеа некои испитувања, така да точно не знам, како и да е беше околу 3 кила, ама ќе ме породат малку порано во секој случај пошто царски ќе бидам, а и плус ќе видиме дали пак ќе се качува притисокот, па и според него веројатно ќе се ориентираат. А и ми мерат контракции на ЦТГ, и ги има, само јас уште не осеќам болки, ептееен ретко и мали. А за алиштата ќе си пукнам од мака ако не ги носи бар две три недели Иначе терминот ми е на 31.10 според трансфер и последна менс. (ин витро сум)
И мене ми е тој според две први контроли, а според менструација 25ти, ама нема шанса да раѓам порано од 25ти, има и Ноември да го фатам мислам Инаку ако те породат порано ке му бидат точни не се грижи, синчето ми е родено фул термин, дури и надносен
@mariz 56 см? Ова твое синче веќе израснато си го родила, машала. Мојава госпоѓица во споредба со синчето твое е џуџе.
Богами и спрема 3.5 бебињата таму беше џинче, а тек од помалите... 4.4, 56цм За женскава матичната типува 3800, а јас мислам има и она да оди 4+ зашто имам дома мерки од синко, тука некаде се скоро иста недела
30 + 3.. Убавицата моја е тешка 2 кг. Си остана понапредна и поголемка за 2 недели. Здравје ќе биде голема како татко и 192 . По разговор со др. Котларова и др. Петановски се помести датумот за породување за неколку дена порано. Ќе дефинираме за 2 недели здравје што како...Убав ден мешиња
и моето едното заостанува со стомачето и главата за 3 недели, тежината овој пат не можеше добро да ја измери бидејќи ножињата му беа свиткани . Примам клексани, д- димери и ф-ри на хемостаза ќе правам пак наредната недела. Некако сум многу загрижена, контрола правам секоја недела, понеделник влегувам во 9 месец па кај и да е најверојатно ќе ме прават царски кај и да е.
И моето заостануваше пред 2 недели во стомачето,па удрив на квалитетна храна јогурт,млеко,бадеми,ореви,лешници,мнооооогу овошје,банани,круши,грозје,суви смокви,урми,сливи,па да видиш како денес бев на контрола 35,5 ,и качило 500 грама,а мерките супер,заостанувањето е помалку од недела ,ако се во ред протоците терај со исхраната повеке протеини и фруктоза поздрав
И моето заостанува со стомачето за 2 недели.На контрола сум за 3 недели,докторката рече не е страшно ама повеќе да јадам.Само пола кг сум поправена за месец...стресот си го прави своето. 31 недела 1640гр.е тешко.
Јас сум 38 + 2.Денеска бев на цтг и ми кажаа дека бебето заостанувало во развојот..т.е.многу малечко го покажа 2690гр.Со три недели назад 35 +2 .Ми кажа контрола за една недела.Ме фаќа страв.До што може да е.Првото го родив 3700..сега малку ми е чудно.многу малецко
Незнам што ти кажале дека е причината, ама ако ти е за утеха цимерката моја на термин па го роди 2700. И незнам дали примаш некоја терапија од типот на клексан? Какви се д димери и хемостаза? Каква е постелката?
15+5 125 гр пораснало моето јуначе. Уште се срами и не сака да покаже дали е момче или девојче ама најмалку битно.