Да не ти имаат помешано недели? Како те водат, по прво ехо или по последна менструација? Чим доктор не вика ништо, не се грижи, после на крај не се знае како ке става, па и буце да биде што има врска. Буцето мое 4400гр родено
По циклус е 19+3 а по ехо 21 недела. До душа на сликичката сите мерки се различни некое пишува 20+4 некое 20+6. Докторката вика се сие нормално што е поголемко ама мене ме јаде црв.
Моето е 2200 во 30+5 а тоа е цели три недели поголемо, докторката вика не е страшно. Ама јас неможам да смирам многу се плашам
По прво ехо колку е? Води се по тоа, не по менструација... кај мене и во двете бремености не се согласуваа првото ехо и датумот од менструација. Се породив најблиску до датумот што беше од прво ехо. 1 бременост, датум од мензис: 04.04, датум од прво ехо 11.04. Се породив 12.04. 2 бременост, датум од мензис: 26.10, датум од прво ехо 31.10, се породив 01.11. Дури не се надносени толку колку што мислам, по еден ден се најверојатно Доцна овулацијата...
Да не се правам паметна не разбирам прво ми е ...ваљда не е страшно ќе кажат докторите одма ако нешто е сумливо не се секирајте. Мене ми вика мојава докторка дека и 5 дена е понапред бебко и дека е таман со килажа,ама вика да знаеш варира може после да си е соодветно на деновите може понапред може поназад вика се што е во нормала е одлично,ако не е нормално ќе кажат
Сефа ги гледав сликичките од старт е недела дена поголемко па после кажи на околу 10 дена. Ваљда си варира и сие во нормала
Ич да не се грижиш, докторите имаат куп случаеви и со поголеми и помали бебиња, тука ние си правиме некоја статистика ама пак сме малку, они си знаат
@monik55 Да си го галиш мешко и да не си го замараш мозокот со шта би ако би, мојата цело време поназад беше за 10дена па еве ја жива,здрава,во прегратки ми е Па стомачето помало демек и беше, циста на јајник као имаше.. Ништо од тоа, се си е во ред. До две недели напред/назад се толерира, опушти се се ќе биде во ред овој пат!!!
И јас немо од страна ја читам @monik55 и во себе стравувам. Не пишувам ништо,зошто еднаш прашав,не можам да се сетам кој ми одговори.И моето не се согласува со последен циклус. Јас датата за краен термин за породување освен од сестрата што е кај матичниот напишана во мајчина книшка никогаш на ни еден преглед не ја слушнав од др или видов на некоја сликичка од ехо. Девет дена ми е понапред терминот според мерките на бебче. По ова бебе касни девет дена. Др никогаш не ми кажал дека има нешто што не е во ред и веќе срам ми е да кревам паники и си ќутам. Затоа и во една друга тема прашав но не добив одговор,па иако не е соодветна еве може некој тука ќе знае да ме поучи. Која дата ќе ја гледаат на комисија за отварање на породилно,кај мене ќе треба 45 дена пред термин. Кај 45,па и овие 9 не се малку....
Абе жени, што мислите вие дека е до грам точно ехото? Моево во 36 недела беше 2600, а се породив на термин според менструација, бебе беше 2600 тешка. Епа не е можно за 4 недели ни грам да каче. Затоа не се многу замарајте со тежината, гледајте ги другите мерки на бебето
Јас веќе мислам попуштив со нервите но си викам овој пат е се во ред зашто да се грижам. Како и дае ќе го видиме убаво на скринингот и мојата докторка од ГАК убаво ќе ми објанси што и како. Матичната моја ми вика нема никакови видлив дефект и зашто да се грижиш а и може ќе биде висок на татко му дека мм е висок баеги.
Јас во 37+2 сум пишала тука дека бебе тежи 2800, а во 39та се роди 2800уствари. Значи не се секогаш точни тие мерки.