види вака и те како е важно да качува бар 100 гр. Не е убаво може има застој во хранење, доток на потребни хранливи материи. Јас правев д димери за нерастењето. Иако преку ехо се беше во ред ниту еден доктор не даде објаснување зошто не расте. Се породив 41 недела од 36 не растеше џабе стоеше во стомак ама ајде се роди 2700 43 долго. А на картонот на бебе ми пишале 39 та спрема растот најверојатно. Срека без проблеми бебе ама сакав да кажам дека се треба да се следи и ништо да не се занемари
Зборот ми е дека не треба ни толку да се оптеретуваме оти не може да измере убаво ни должина ни тежина поготово кај поголем фетус. Од 36 до 40та недела ниту еднаш не отидов на преглед. Матичниот кога последен пат бев ми кажа се е во ред,ако не се породеш до термин тогаш ќе дојдеш пак. Да сум отидела сигурно поголемо ќе го покажувало бебето. Цела бременост ниту еден проблем немав, освен низок хгб, железо и шеќер. Освен к.с и урина друго ништо немав испитувано. Бебето ми беше помало генетски. Јас сум се родила со кило помалку од неа, маж ми околу 3кг е роден. Кога ја родив одговараше на 39 недела мислам. Треба да се следи точно и да се реагира на време, ако не расне треба да се испита зошто е така. Само не треба слепо да се верува во цифрите, зашто точно до грам не покажуваат.
@forumce . Откако ме фатија контракции во 32недела, бебе прекина со растење, т.е мн малку ставаше.. Таа недела беше некаде 1980гр . Ме породија во 39+5дена.../ 2300гр бебе... А во ред беше со доток на крв, и се.. А бебе не стави повеќе килажа-
Златото мое денеска е со големина на зелка се изнасмеав кога видов ... Ритуал ми стана во понеделник дека ми почнува нова недела па да отварам апликацијава Овиа
А колку беше според ехо пред да те породат? Јас не мислам на случаи каде фетусот не расте, туку дека не мора многу да веруваме во бројките кога се е во ред со бебе т.е во нормални услови. Ако има застој нормално дека ќе се бара причина, ама може и да биде SGA фетус генетски. Плус тоа колку пати е пишувано во оваа тема колку тежеле бебињата некој ден пред да се родат, а во другата тема за родилна тежина да не се совпаѓаат цифрите.
Да точно така.. Пред да се породам ехото кажа 2100+/-300гр.. Точно покажа. Како и да е, иако не ручкаше дури беше во меше кај мама, затоа сега се папаме
Кај мене утка од скоро 1кг имаше со првото, 3500 макс викаа и тоа 3ца доктори, се роди 4400гр. А девојкава па до грам погодено, 3800 макс рече дека е докторот, зашто упорна бев леле пак големо бебе да не имам, а он вика не не ова бебе не е повеќе од 3800, толку точно се роди. Најверојатно е до докторите кои мерат, малку повеќе од граница да кликнат на компјутерот ке покаже повеќе или помалку.. Они мерат големина на коските како што знам, односно компјутерот пресметува по тие параметри колку би тежело бебето, а синко мој освен што беше голем, имаше доста и мевце на него, бутки дебелки, газе, меше, образи
Vaka denesa bev na pregled I mi rekoa deka glavceto na bebeto e malku pogolemo od nedelite sto sum bremena,,malku me zagrizi toano no dokrorot me gledase na najstaro eho I neznam sto da mislam,ve molam za mislenje pozz
Ic ne se zamaraj okolu toa tie se samo merki I na mene ednas na staro eho I mi kazaa oti stomakot na bebeto e za 6 dena pogolem I posle otidov kaj drug Dr I se si bese ok
19 недела и 4 дена по последен ден од менсртуација ...бебуш 354 грама ..големо како за 20 недела и 4 дена