Фала ви мами. Зборот ми беше дека во 37+6 (38ма) ја измерија 2996гр, а ете испадна поголема за 350гр ваљда не качила толку за 1 недела.
А па ти им веруваш на овие мерки. Јас денес не ни планирав ехо да правам, ама ги носев резултатите кај матичниот, па ај рече да направиме еден доплер и ехо. Инаку сега се големи и се прават грешки. Ете баш @Seduction погоре читај ја.
@@Verba За син ми ми кажаа дека ќе биде околу 3500 а се роди 3600. Сега за ќерка ми последна мерка и беше во 37+6 и беше измерена 2996 а се роди 39+0 3350.. така да не се точни баш мерките, а и битно да се здрави и живи.. уживај си!
Кај мене бебка е 23+1 (вчера бев на контрола ) бебка има 750гр. а читав дека од 6 месец натаму ќе напредува дупло повеќе.... Е сега не знам дали е тоа многу или малку...
Машала големо бебенце. Јас и ти сме ептен блиску, денес одам на контрола со полна 35 па ке видиме што ке кажат ))
Не се плаши, ке средат докторите работа. Еве јас сум родена 4300, мајка ми вика пораснато бебе гледај ја убавата страна, ке ти биде полесно за чување дека поголемко само со лесно нека е и нека биде се како што треба
Не се плаши, внук ми се роди 4600, др ни рече ова за прваче право може да оди. Ќе треба вероватно да биде царски рез породувањето ама е полесно за чување на почеток поголемко бебче. Нека се само живи и здрави ние се ќе издржиме
Мојата беше скоро 3кг таа недела, 2900+, 37ма беше веќе 3ипол, се роди 40+ 3800гр Зависи како зрее постелката. Синчето па 4400гр ми е родено, а го водеа нормална тежина цело време, на крај 3500 ми рекоа, утка од 900гр. Нека се само живи и здрави.
Јас одсекогаш сум сакала да имам буцкасто бебе но ме плаши породувањето ако мора да се породам природно.. Сите алиштенца што ги купив се 50-56, ретко нешто 62, ќе треба да правам нова тура шопинг
јас мислам дека баш е нормална оваа килажа до крај до 39-40 недела ако тераш да биде 3 и нешто таман е нормално бебе... мене др ми рече дека нормална тежина кога ќе се роди е од 3200 до 3500...4 веќе многу е како и да е да е живо и здраво