31+ 5 1690 грама, незнам дали е многу мала, гледам на нет дека за тие недели е повеќе, во таа недела особено е до 1400 г така пишуваше секаде, искуство некоја?
Јас и ти ептен блиску, 37+2 сум, ама баш вчера на преглед не ми го измерија бебето, ке чекам следен преглед здравје
37+2 a бебушката е 2900. Ми рече матичната повеќе протеини посебно повеќе јајцинја за да ја здебелам до пораѓај. Слезена била малце надолу душичката се спрема за пораѓај, само мамичка да јади повеќе јајцинја и да си ја подздебелам принцезата пред да ми се роди, се надевам ќе успеам во то.
Па ако се роди како црвецот мој, има 6 месеци да ги носи ХАХАХа. Нека се здрави и живи, шо е битно маста им ја извадивме на алиштата хахаха
здраво би сакала да ве прашам дали на некоја од членките тука во 36 недела и рекле дека плодот е мал , мене матичната ми кажа дека е 2560 во чаир ми викаат 2400 па дури и белите дробови не биле развиени како што треба . до сега на сите прегледи ми рекоа дека е се ок .. дали да барам уште едно мислење ?
17 недела моето било 262г таман е супер мене цело време 1 недела напред ми го води. Не е мало за 36та таман е, ако сакаш појди си на второ, трето мислење за мирна глава. Моето вака беше по недели, сега веќе не го мерат
Бебето е помало за 4 дена од што треба да е... Сега сум во 35+1 Докторот рече не ништо необично, и за една недела пак на контрола. Мене сега ме стави во мисла, да не нешто не е во ред, зошто не расте? до сега на сите прегледи си одговараше за неделата во која што е...а сега оп вака... Ме загрижи мене лично, ама па др не рече ништо посебно... Некоја со слично искуство?