како што поминуваат неделите некаде после 34/35 недела нормално е постелката да ја намали својата функција нели старее. ама пак четири дена навистина не треба да те загрижува никој неможе со сигурност да знае кога е зачнато. примаш клексани? можеби да провериш димери доколку до сега не си.
Примам клексани, Д димери 1400, вчера проверував. Моево е со ИВФ, веројатноста за грешка во пресметка на зачнување е помала, Но да, веројатно 4 дена не би требало да ме загрижува, а и докторот веројатно би ми кажал нешто..., шо знам ...
немаш простор за грижи. димерите се супер за таа недела. уживај до следна контрола.како и да е блиску си до крајот
@Ѕвездички Веќе е големо бебето и тесно му станува, а со тоа и прецизноста во мерките се намалува. На крај се најголеми шансите да се згреши при мерење. А и 4 дена не е страшно.
Јас сум 28+2 недели и бебка тежи 1.255 кг. HC=28+2 FL=28+6 AC= 28+4 недели.. Докторката ми рече дека е супер за неделите си се развива нормално. .. Отприлика колкаво бебе треба да очекувам. . знам дека има уште 10-12 недели ... Ама сепак
Па понапред го водат цело време. Две недели понапред е уште од почеток, односно првите месеци... А малку и генетика, татко му е 190см и 106 кг. А и колку и е точно ехото на матичната ,незнам. Ама и на ГАК скоро исто покажува.
Машала. Со лесно нека оди породувањето значи кај и да е е кај тебе Сигурно е мин. две недели понапред.
Ох да, се ближи породувањето и искрено,одвај чекам...и јас како тебе последниве три месеци како три години ми се...се живо ме боли. А за спиење да не кажувам, незнам кога последен пат се наспав како човек. Ама реков да не се жалам...дека ова го чекавме со години и после многу загуби и разочарувања, си велев ,,Господе само да останам бремена ,од ништо нема да се жалам,,...ама ете малку мора Со лесно да ни биде на сите мила и тебе и на сите мами што чекаат :
И кај мене беше исто, цела бременост 10 дена до 2 недели понапред. А со инвитро бев значи точно се знае дата на зачнување. Маж ми е со скоро исти пропорции ко твојот (до душа сега е ослабен ) моето се роди 3770 гр. во 39+0
Зависи на крајот како созрева постелката и како ги храни. И мојава 3500 беше 35,36та. До крај ако не созрееше така брзо постелката скроз ке одеше како батко и 4ипол кг. Се породив 41ва, 3800, само 300гр за скоро месец стави... Јас едно две недели само ја носев, не ставаше килажа веќе баш. 38ма знам рекоа 3700+ дека е веќе..
Нас докторот не ни кажува колку тежиме 26+5 сме мислам дека на екранот видов дека бебушка е околу 800г дали е норманло тоа?