Мислам дека е добра меркава. Кај мене во 16+4 беше 180 грама и од тогаш се немаме мерено, ама моево цело време го водат поголемо со неколку дена
Истата апликација ја имам како тебе нели баш пишува сигурно 760 гр.просек за неделава, сигурно сте си таман
Женички, денес бев на преглед. Докторот рече се е супер. Ама сега гледам, нели главчето е многу големо?
Таман е. Целото бебе си е поголемко според ова што го гледам јас. И јас имав вакви дилеми зошто се разликуваат мерките со по неколку дена и докторката ми рече дека не може се да биде како по книга сите си се различни. Кај мене должината на фемур FL беше помала од другите мерки во 13 недела, па во 16 беше поголема од се друго. Значи нема правила а и докторите можат да погрешат со малку, милиметри се во прашање. Уживај си во бременоста не му ја мисли многу, бебе си е супер
Јас мислам дека ти се во ред резултатите мала е разликата и кај мене се разликуваа др рече дека е нормално
Merenjata ne se sekogas tocni. Butnata koska vo 33 nedela 67,6 mm. Vo 35 nedela 66.2 mm (se namalila?! Sega vo 36 + 4 e 71,3 mm
Кај мене имаше разлика и до 4 недели според мерките. Половина час пред да се породам ми го измерија бебето 3700 а се роди 4430, така да не може да се водиме спрема мерки од ехо се додека не се роди беба нема да може да се знае точно. Секоја чест на доктори кои ќе погодат точно, а можеби и покрупни бебиња не може убаво да се измерат што знам. Ова е само мое искуство не значи за сите дека е исто.