Vcera na pregled 37+6 mi kazaa deka bebe tezi 3300 gr, a denes 38+0 deka e 3550 za eden den 200 grama...cudnoo
39 + 0 и ми кажаа на ехо дека тежи само 2400 гр, во извештајот ми стои и ознаката SGA (бебиња со мала родилна тежина). Бебето си е зрело за надворешен свет, според главчето си одговара на неделата, но според тежината е помало со месец и повеќе. Постелката не е целосно зрела, плодовата вода е во ред и ја има доволно, тоновите на CTG се нормални, а сепак докторот на одделение не знае зошто заостанало во тежината, сепак ме советуваше да размислам за закажан царски рез. Да напоменам немам никакви болки на цтг, бебето е правилно главично наместено и веќе спуштено. Исто ги испитав и димерите и тие се во ред. Некој за совет што е подобро да одлучам природни болки да чекам или да закажам царски, планирам да чекам уште една недела до терминот ?!
Почекај си болки или барем уште една недела па ќе видеш како е Кога имаш плодова вода доволно поубаво било да си постое внатре кога може такаа
Јас сум се родила 2600 во 40гн. Пред 37 год. Мајка ми била многу слаба и цела бременост повраќања, па нон стоп со инфузии. Штом постелката не е зрела и друго си ок, имаш фора до 42. Таман може ке стигне до кај 3000. Се надевам дека се ке помине во најдобар ред.
Мешиња едно прашање бебка е 505гр 22н 4д,, а ме кажува 22н 2д. Килажата и е супер, а дека кажува 2 дена поназад?? Некоја мислење, совет, слична ситуација ? Тенкју
Судено ми е јас да ти пишам ништо не се два дена мила до крај на бременоста ке ти варира бројката некогаш и за 5 дена не е страшно лошо е ако касне со недели
Бони срцка ми си . Фала мила!! Ми велат долга нога, а гледам касни во денови два. Знам дека не е многу... Ама си велам шо можи за да се попрај . Пример поздрав живот, одмор, расположена, движење??? Бони?
Незнам колку има вистина ама мене ми имаа кажано да јадам секси салата ( ореви, бадеми и лешници сецкани со мед по три лажички на ден) јас јадев и имаше покачено кога појдов нареден преглед, беше поголемка дали е до тоа незнам пробај види мада имаш време ке порасне покасно ставаат повеќе. Не го мисли јас никогаш не ни прашував за килажа за да не мислам штом ми рече док дека се е ок си излагам и не му ја мислам
Хеххе ќе пробам обавезно од салатата. Да битно рече ок е, ама да не ми е во мисла, детално да си прашам. Таква сум шо да прам Типична Девица
Ее немаш гајле ко така. Јас авантурист Стрелец подзнак.. Која спротивност перфекционист и авантурист хахаха ама ми годи најискрено. Убав ден мила. Планирам да прошетам денес, сончев ден. Нема аир од дома седење !!
Ова секси салатата @***Bony*** фаќа место знаеш Јас незнаев ама си ги грицкав секој ден, не ти бадемчиња,лешници,индиски оревчиња, фстаци ама уморено знам дека се и многу калорични Може затоа и мој бебуш отиде и понапред со недели @Makedonka007 вреди да се проба