Ајде ќе пробам мешиња и ќе ви пишам за резултати. Ама кога ќе размислам знајте дека на почеток јадев многу оревчиња, бадеми и бебка беше 1 недела и пол напред. Стварно можи да има врска то. Ама како и да е здраво е да се јади.
Јас па негде читав 28-29 недела треба да ја има таа тежина и се уфилмав дебелко е од шеќерот Ама добро,нормална тежина штом е
Да ти каже дада нешто. Бебе мое одеше во килажа за скоро 3 недели понапред,имав шеќер како тебе ама не беше од тоа. Ме малтетираа на секој две недели на ендокринологија мерев дома по 7 пати на ден. Па ни викаа големо е бебето ина голема глава може е нешто генетски ние не можеме да видиме па од шеќерот е па некој статистики ми кажуваа. А ништо од тоа бебе се роди лепотан без никаква мана. И ако примаш клексани и аспирин и од тоа бебе си напредува дупло.
Да ,да примам фраксипарин .Ма боље да напредува кога ќе размислам него да ми заостанува. Вложен е материјал во нејзе Фала ти срце
26+4 1236gr. бил мојот буцко,цело време сме плус 2 недели,немам шеќер покачен а ни скрирен. Рана овулација имав и само по себе си е крупно. 31+4 тежиме 2097gr. и сега нр водат 33+4.
Да се надоврзам и јас 26та недела 980гр; 30та недела 1878гр; 34та недела 2990; 36та од утре Значи секој месец килце напредно за две недели, до крај рекоа 4300 Немам скриен шеќер, нормална бременост ,ништо не сум пиела до сега,генетски никој се нема родено така поголемо бебе во фамилија,карлично поставено бебе, што медицински докажано карлично поставени бебиња биле послаби и помали (во мојот случај не е така) а и само 10 кила на мене до сега,се е во бебе,значи нема правила. Едноставно некои тела прават големи бебиња,добив како одговор, ај на здравје
Исто карлично е и кај мене,не сум крупна ситна сум и родена 2.900гр. Но мм е роден скоро 4.000 можеби е на него. Живи и здрави да се само тоа е најбитно
Гледам тука веќе сите сте поголеми. Јас сум 12 + 2. Денеска бев на преглед и должината на моето бебе е 60,7mm. Читам по страни по нет, некаде пишува во 12 недела треба да е околу 5 см, некаде пишува треба да е околу 7см. Јас незнам што да верувам. Што мислите вие за големината. Дали некој има по детални информации?
Мајки јас сум 33 недела а бебето 2700 кг, др ми каза да испитувам пак шеќер бидејки одело 4 недели понапред , ме фаќа страф ? Искуства ?
24+4 имавме 880кг. Наредно на 30гн ќе видам пак како напредува бебуш. Оваа килажа е супер дури и малку напредно така????
При крајот и созрева постелката па може и да не качуваат многу, само да си чека да си искочи бебе. Малата ми беше напредна при крајот и мислевме ке биде како батко и 4400, а не... си ја надносив и си се роди 3800гр, последни две недели мн малку, па скоро ич да не качи @Makedonka007 пиши 24 во пребарувачот горе и селектирај во оваа тема, па ке си видиш повеќето колку биле таа недела