Видов во труднички муабети. Машките покрупни биле. Ќе се тешам. Само здрави и живи да се. Исто сме двете. Во иста најмила каша сме. Ајде ќе се тешиме и чекаме заедно. Мене термин 29.08. Само со лесно.
Здраво девојки 27 недела сум , пред околу една недела правев преглед, бебето е супер, 830 грама ми го измерија тогаш, само ми кажаа дека при мерење на стомачето, излегува дека е помало за 2 недели. Освен стомачето, нема друг проблем, се си е точно за неделите. Имала ли некоја мајка вакво искуство ? Прва бременост ми е, се ме плаши.
Не некоја изгледа скоро секоја го има овој проблем. И јас до 30-31 недела се ок мерките одговараа, кога наваму 2 контроли мешето заостанува кога 1 кога 2 недели. Отидов во Плодност на доплер и ехо вистина е поситен плодот ама се е во ред друго. Така да не се секирај. И јас бев исплашена многу ама еве сум 9 месец, убаво напредува и повеќе не се замарам со мерките. Поздрав
Мене па денес докторот ми рече мерките се горе долу добри ме праша за килажа на првото дете,колку сум го родила и ми рече дела по килажа е малечко е како бе? Првото го роди 3400 а според мерењата по недели испаѓа дека беше помалечко од ова.
Марчи во овие недели е многу тешко плодот да се измери прецизно бидејќи е голем. Не се врзувај толку за тоа. Со синот претпоставуваа дека ке родам 4кг дете, а тој беше 3060гр. Сега стомакот помал од претходниот пат но бебе напредуваше пропорционално цело време. Ке видиме колку ке се роди, но др.што ке ме пораѓа очекува да биде колку синчето отприлика. Не се секирај, килажата не е толку пресудна за здраво дете.
Ви благодарам премногу, ќе одам за една недела повторно на контрола. Имам уште едно прашање. Ми кажаа дека постелката е влезена во || стадиум, дали тоа треба да ме загрижува ? Малку порано од нормалното е во тој стадиум .
38гн го измерија 3700г.(±540г), 41недела на ден на пораѓај 3300 а се роди 4030г. Таа што го мереше дента пред да се породам утна за сите пари
Здраво мајки и идни мајки. Денес бев на преглед дека имав некој кафеав исцедок со што докторот ми кажа дека е стара крв. Но не е тоа што ме загрижи. Ми кажа дека сум 6 недела но се уште нема ембрион и за 10 дена да одам на преглед. Дали сте имале вакво или слично искуство?