Ние имавме иста ситуација со главче. Паничев многу, од денешен аспект непотребно. Нормално било до 2 недели плус минус.
Исто и кај мене 30+2 беше 1800гр. Докторката рече дека според големината е две недели понапредно. Дали има веројатност да се породам порано на пример наместо 39 недела во 37 или нема правила?
Нема правило за породување. Мене па ми вика таман си е за неделите,генетски големо бебе е. Следната недела сум кај друга др ќе видиме таа што ќе каже.
Не ми беше јасно затоа што на сликичката што ми ја даде пишува според неделата што сум најкасно термин ми е до 07.10.19 а според плодот до 20.09.19
Нема правило, не растат во ист континуитет постојано. А и некои раѓаат 4 кг бебиња и ги носат до крај. Не се мисли за тоа, уживај си во бременоста.
Не зависи тоа од големината на бебето, зависи како ке ти пушти грлото на матката, односно кога ке се скрати цервиксот, колку брзо ке се отвора... Мене првото ми е родено 4400, 40+8 дена по менструацијата рачунато.
Јас оти прва бременост и многу работи не ми се јасни, за секоја работа си имам милион прашања во глава , а како се ближе времето се сакам да знам
Вчера бев на преглед 4000 е веќе ќе излезе со царски бидејќи е карлично, 37+5гн, најверојатно на полна 39та го вадиме ако до тогаш не прсне водењак и не добијам болки
И моето е големо и јас се плашам. 33+5 сум а бебето е 2700. Сакам да го родам природно ако некако е можно.
На крајот на 38 недела ми го измерија бебчето 3150 гр. Мада не се базирајте многу по тие димензии на ехо бидејќи најчесто не излегуваат исто.
Мислам имаме ист термин. Мене цело време ме водат со ситно бебе кое заостанува. Дури некои 3-4 недели од 34 до 37+ недела само 100 грама пораснато, го измерија 2400 грама, за сега 38+ испадна 2800. И јас не верувам многу додека не се стави на Вага.
Не верувај и мене цела бременост ми викаат 1 недела изгледало помало... Уште многу малку и ќе дознаеме колкави се и колку им биле точни мерките на докторите ист термин имаме да. Моето уште си ужива не и се излегува. А јас некако само чекам веќе ми е многу тешко, мачно... Ми тежи и ме боли стомакот кога станувам од спиење како скапано да ми е.