Не се секирај. Јас очекував и големо бебе, ние сме големи. Кај секого е различно, зависи од генетика. Важно да се добри.
Во 38ма кај мене го измерија 3600-3700 сега сум 39та ми кажаа дека е големо, според тежината дали е подобро царски или...?
Иста приказна и кај мене за првата бременост. Беше "распукала Шар Планина на 3 места. Еден саат ме шиеа.
Здраво мајки, овде претежно читам за големи бебиња но ние сме обратна ситуација, 36 недела и 2170гр. Денес бев на преглед и се испаничив и загрижив многу, ова ми е втора бременост, со првото се породив 3270 беше синот. Гиникологот ми препорача само одмор и контрола за 2 недели. Ве молам за искуства кај мајки што биле во слична ситуација, дали може да дојде до скок во килажата последните седмици или да си барам скроз миниатурни алишта?!?
Има време ќе си порасне и моето бебе е малечко. Препорака не добив никаква ниту промена на исхрана. Бебе си зема колку му треба.
Ние денеска бевме на преглед 32+5 тешки сме 2300 докторката ни рече машала големки сме и супер напредуваме
Голема е машала,јас сега на мерење 3000 беше... 38 нед Претходно беше 2600,тешко да мерелњ точно,прерходните синови по 2900 и 2800 ги имам родено.
Големка е да, нека се живи и здрави само тоа е најважно, а што велиш и мерките баш и не им се најточни
Пред две недели к8га отидовме на контрола ми рекоа 17/18 недела , вчера кога отидовме ме гледаше на ехо и вели сме промашиле бебето дури сега е 18 недела и одговара за 18 недела а требаше да биде 20 веќе. Нз што да мислам малку се уплашив . Инаку се е добро и јас си јадам еве и мешето почна да ми се познава . Бебето си е убаво оформено и се .