Последниот месец не се ни гледаат баш неделите туку колку е зрела постелката, има ли доволно плодова вода и други параметри. Не се пресудни неделите. Има бебиња во 36та недела родени, сигурно не се 4 недели понапред.
Кај мене имаше разлика 2 недели па 3 за на крај да има разлика од 4+ недели. Само излезе дека бебето е покрупно, друго ништо. Иначе јас се породив 42 недели полни плус ден два така нешто беше, не се сеќавам.
Мене ми беше понапредно секогаш на мерењата ама бидејки одев често на контроли сватив дека се зависи од докторот што мери. Дека бев на патолошка одев секој месец на комисија и тоа едниот ден кај мојата докторка другиот на комисија значи размак еден ден според едната понапред пример три дена според другата десет дена и се така различно мереа и веќе не се ни замарав со мерки. Бебе се роди 39+5 со провокација 3980 тешко а цела бременост ми викаа дека може ке се роди порано.
Денес бев на УЗ и ми рече докторот дека бебето е понапред за 5 дена од терминот. Инаку сум 15+0. Ако продолжи вака ќе било големо бебе.
Жени дали на некоја до сега и кажале дека бебе има помало главче и стомаче од неделата, додека раце ноџиња се нормални? Секое ехо ме враќаат назад и се нервирам иако немав редовни циклуси ама не утврдуваат дека е лошо за бебето, буквално недоумици.. 30та недела 1370гр сме.
Мене ме водат со 2 недели поголемо и се е во ред. Незнам која недела си и дали имаш испитано скриен шеќер, ако немаш испитај. Јас сум веќе 35 недела и буцко е добар, денес на контро бев и 3000гр
30та недела сум,немам испитано ми рекоа немам потреба. Можно е од ддмерите дека високи се. Не ми кажуваат ништо лошо и опасно само дека е за помала недела..
Извини грешно сум прочитала, мислев поголемо главче. Ништо страшно не е штом докторите така велат. А клелсани примаш? Јас по два од 0.4 од почеток на бременоста и уште ги примам, со господ напред пред пораѓај ќе ги прекинам.