Пред една недела бев на преглед, не запазив колкаво е бебето. Сега читам докторот пишал дека е 553 грама, тогаш бев 22+0, пишува дека одговара според мерки нешто повеќе како 23 недела мислам.
Последниот преглед бебе беше 1900 грама, сега сум 33+1 и планирам да одам на лекар оваа недела од понеделник. Се изнервирав пред малку кога една комшика беше на кафе и рече дека стомакот ми бил мал за 8 месеци, мало било бебето Несакам многу да слушам такви муабети ама сепак ме размислува и ки паѓа тешко дали вистина моето малечко е добро.
Баш денес и јас добив таков коментар во смисла 8ми месец, ич не си голема.... и така дома насекирана со сто прашања на споругот, каде се тие две и нешто килца во стомакот
Ми паѓа тешко кога слушам такви коментари, дури и Свекрва ми ми префрла која недела си ти и колку ти кажаа тежина? Според неделите од една табела што гледам изгледа ок но кога го гледам стомакот и јас се чудам..
Ako si poslaba pomalku se gleda stomakot, mojot e ogromen ama jas imam 3bremenosti zad mene... ne si ja maci dusata, ako imalo problem doktorot ke ukazel. A 1900e sosema super za 33nedela...eve jas mislam ke se rodi min 3000g
Кога бев 30+4 беше 1900 грама Сега сум плус 3 недели, ме копка да видам колку пораснало затоа ќе одам оваа недела. Инаку имам 76 кг се поправив околу 12-13кг досега. Маж мк вика само нека е добро не е битно што велат другите, ми вели нашето буце е силно и јако, ќе биде се во ред
Ако си почнала со нормална килажа супер е 13 кг плус во бременост. За 30 недела просек е 1400 гр, 1900 е преодлично. Знаеш дека има жени во 8ми месец изгледаат ко за 4ти и раѓаат скрос здраво право со нормална тежина? Дури ми се чини нема врска тоа послаба подебела, едноставно некои се познаваат некои не. Да се гледало така од стомакот колкав ти е, немаше да мерат докторите мерки, ќе ти кажеа свекрвата нека процени дали е здраво бебето, така од гледање, нели свекрвите се' знаат. И знаеш дека не е толку многу ретко да измери докторот помало бебе а уствари да се роди тамам? Прочитај низ темава, или во другите теми за бременост не знам кај беше ама и други исплашени ко тебе па се било во ред. Уживај си
За муабетот дека некои некултурни луѓе се дрзнуваат да коментираат за здравјето на бебето од тоа колку си мала/голема во стомаков. Сликава беше поставена за да се срушат тие претпоставки. Двеве жени се трудни, само 3 недели разлика. Двете родиле здрави бебки со супер тежина. Еднодставно телата се различни и нека не ве секираат коментари од неедуцирани.
Па секогаш бев таа килажа цели 26 години, отакако останав бремена почнав да се поправам но повеќе во колковите, задникот и нозете, гради и раце останав некако иста само стомачето напред и ниско ми е, дури сите мислат машко било бидејќи несум широка а не било ниту високо бебенцето. Ви благодарам, многу значи што ве имаме тука за да си споделиме вакви мислења
26та недела пред 4 дена бебето беше 900 грама, јас сум прилично крупна и стомакот само јас и мм го приметуваме друг никој ама штом бебуш одговара за таа недела друго не ми е битно, уживајте си во бременоста ❤ Инаку од почеток на бременоста до сега ослабена сум 9 кг