Голем ми е плодот тоа ме загрижува 3850грама ме измери во 36+3, јас се испаничив, се смееше докторот ми рече што очекуваш демек двајцата сте големи, постелката уште не е зрела... ќе си терам изглеа минимум до термин, само да не ме дадат по весници
Мене ми трескаа мерки цело време, само последно го измерија 3100, излезе 3040. Инаку што се секираш, ако е ептен големо бебе и не може да излезе, ќе те породат царски.
Зависи и од апаратурата, ако е постара не може да се измери како треба. Мене пола час пред царскиот ми го измерија 3700 а се роди 4430. После коментираа меѓу себе дека апаратурата не им е добра и покрупни бебиња не можат да ги измерат. За разлика од ехото кај матичниот, кој уште на почеток ми рече дека ќе е крупно бебето.
Не гледај веќе тоа. Само не паничат со тие мерки на крај. Моето бебе во 41 недела 3 кила беше. Некое може 5 ќе се роди во 41. Битно другото да е во ред.
Во четвртокот бев 26+1 , а тежина на бебе кажа докторот дека е 1080 грама. Дали е нормално толку? Ми се виде многу.
Епа од сам почеток така ми кажуваат. Ама и докторот неколку пати ми спомена да не очекувам да родам мало бебе, бидејќи и јас и сопругот сме биле поголемки.
И ја имав големо бебе 4400 се роди. немаше абер да се спушти, немав контракции, постелката не беше зрела. Се породив царски на ден пред термин. Од што беше он голем после подолго време требаше да ми се врати матката, ама ништо страшно. Не се секирај знаат докторите како да постапат. Со лесно Пс. големо бебе полесно се чувало
Ти благодарам и јас, иако не беше за мене одговорот. Денес докторката ми рече дека е големо бебето и малце се исплашив
@elimkd еве баш најдов што сум пишала колку бил во 37 недела. А и мерките се +/- 400гр. Ако сакате пишете ми и во инбокс ама стварно не се секирајте. Бебе се роди со 10 апгар, со оформени јадренца на колкови, многу напредно бебе. Уживајте и не се секирајте за големината.
Ти благодарам многу, баш ме смири, само што се вратив од гинеколог почнав да ја листам темава не наидов на коментар да некој има толку голем плод
Не се секирај се ке биде во ред.Дали природно дали царски важно ке си се породиш.Родив природно две големки бебенца иако докториве не можат никогаш точно да ја кажат тежината.Од страната на сопругот се раѓале големи бебулиња а и големко бебе полесно се чува и си напредува помалку во тежина од малите бебиња што е сосема нормално. Со лесно само