И јас тоа го забележав, не ми е јасно Според една апликација денес сум 32+4, според втората сум 31+3 Мислам дека всушност сум полна 31 недела, и сум 4 дена во 32ра... Така ги разбирам
Здраво, да ви кажам за моите мерки Идам чаир 33 недела се ок синко 2050гр. Толку рано дека плацента превија, ајде дојди 35 недела малку помало главче поголема бутна коска ништо страшно синко 2500 гр. Но поради состојбава ми вика др. Не може тука да те оперираме треба да идеш на Клиника, истиот ден идам на Гак за 20 мин. Ме гледаат на ехо вика 2100 одговара за 33 недела сосема други димензии, викам како ваму толку тука волку. Ајде нема врска за една недела на контрола 36 недела на ГАК синко 2550 главчето ок помало најверојатно од плацентатата не се храни доволно, а на последен скрининг во Систина др. Димчев мерки точно ако термин ми е на 01.05 тој рече 02.05 најкасно. Дека викенд ајде дојди понеделник за прием на Гак идам понеделник бебе 2650гр за два дена 100 гр а во мерки уште помало од петокот. И кажувам на др. Со сликите споредуваме ми вика секој различно гледа не се секирај и ај не се секирај Читајќи ги вашите мислења и искуства малку ми олесна, мислењето од матичниот не се замарај чим има срцева акција проток добар бебе напредува не може да е помало од шо било. И тоа е тоа. Ако има некоја слично искуство нека го сподели Ве поздравувам и уживајте
28+3 бебе 1700гр одговара за 30+ зрелост на постелка 2.Дали има и друга членка со плус 2 недели.До 38 недела планираат да ме породат царски зашто имам претходен царски и блиска разлика 20 месеци.И со меркиве сега докторов ми рече може и почеток на 9м ако не се регулира. Може и датумот последна менструација да не е веродостоен за 45 дена имав 2 циклуси и после месец ипол дознав дека сум бремена.
Еве една членка го имаше постирано ова https://tvoebebe.com/BREMENOST/prosecna-golemina-na-plodot-po-nedeli
Претходната бременост едното близначе го мереа 2600 а се роди 2060 дури и докторот беше изненаден дека голема разлика.
Јас се плашев дека бебето ми е мало бидејќи имав мал стомак и ме мачеше цело време. Последниот преглед ми рече преку 3700 е бебето . Но моето душиче се роди 3870 грама и 54 цм долга. Значи мерките ми беа точни.
На диета сум Се боцкам на гладно и после секое јадење за проверка. Плус пешачам околу трепезариска маса секој ден Да, докторот рече не е страшно треба да се држи само под контрола.