Баш . Дури се подисплашив јас . Иначе супер си е си одговара со неделите ама грамажава. Јас сум дури и одлабена 5кг од кога сум бремена .
Дали ти кажаа дека е големо? Мене Димчев денес многу пати ми повтори дека е големо, а гледам дека има и други тука со таа килажа. Не знам дали поради мојот дијабет сугестивно си кажуваат дека е големо :/
Јас исто кога бев 33+6 бебе беше 2330 , одговараше на неделата така ми кажа матичната , не ми спомна дека е големо.
Баш напротив.. ми кажа дека јас сум била височка и спрема мене нема да биде “џинче” туку отприлика исто колку и првото ќе биде а го родив 3800 За тежина ми вика дека е нормално само дека бајаги височко дека е ама па и ја и мм а еве и ќерка ми сме високи па не се потресувам баш
Јас сум 32 +2 и бебе е 2000гр. докторот баш искоментира дека е супер незнам зашто Димчев така ти рекол не сметам дека е големо твоето бебе .Баш се сеќавам кога бев трудна со син ми во 35 н. беше 2300 тежок се роди во 41н. 3500гр.најнормално бебе мислам дека непотребно се секираш @Butterfly1107
На последна контрола 32 + 3 = 2090 грама. Докторката рече супер напредува и дури било за една недела понапредно.
И мене ми кажуваа дека е една недела понапредно, ајде нели поради скриениот шеќер, дека има глава како три недели понапред. Се роди 3300, а на последното ехо го измерија 3600-3700. И до термин да терав, пак немаше да се роди колкаво што велеа дека е големо, а сосема нормален напредок си имаше секоја недела во бременоста.