И мене ми викаат дека главчето му е поголемо за неделите. Сакав да те прашам дали кога се роди влијаеше нешто тоа или......??????
Денес пак бев на преглед 40 недела и докторот пак ми спомна за големината на главчето дека му е поголема и дека страв го фаќа. Многу сум загрижена.
Зошто го фаќа страв? Цело време е крупно бебето? Главата му е само голема или останатите делови се сразмерни? Ти крупна си?
Ако дијаметарот на главчето е повеќе од 10 не се препорачува нормално раѓање оти може да заглави во канал. И обично прават царски...ама сепак зависи од мерките на мајката
Јасно ми е сето тоа, јас родив крупно бебе со царски. Не е убаво доктор да каже дека го фаќа страв. И царски да е ништо страшно, ке помине. Природно или царски мора да се роди, ако е се во ред не знам зошто паничи докторот.
Епа обично не коментираат работи кои ќе уплашат трудница, ама секој е различен. Он треба да смирува а не да паничи
Според докторот кој ме водеше тоа е сосема во ред. Проблем е пример кога нешто заостанува за две три недели, а една недела не е ништо. Секогаш постои можност лошо да измерил. И мене ми се случувало некои мерки да бегаат по некој ден ама никогаш не ми кажал декс тоа е проблем. Напротив имав школска бременост.
Свашта, те испаничил без потреба, страв го фаќало. Моето на крај го мереа и рекоа главата му е 3 недели понапред. Се роди најнормално и најслатко на цел свет со мало и убаво главче.