Кај Хаџи Лега, баш денес се распрашувавме со сопруг на шалтер за пораѓај да ни објасни што како. Пола не ја разбрав таа што збореше и некако недоволно информации добив. Мислев ќе седнеме со некој и ќе ни објаснат детално се. Се мислиме дали таму или во Чаир да си одам. Иначе ми рекоа наводно ако сопруг направи ковид тест може да присуствува на пораѓај.
Аууу ме фати језа... На ехото баш видов дека после секој ја менуваат хартијата. Порано ко ќе ми текне, ништо не ставаа...
И јас се мислам дали Чаир да одам.. ич не ми се даваат толку пари.. Ќе видам до тогаш како ќе биде ситуација со Корона, со гужви... ко шо се плашам од пораѓај, најголема причина за приватно ми е епидуралната..
Истото ќе го пишев. Чаир е супер, и повеќе од супер од аспект што докторите сите се профи, само нема анестезија и тоа му е мана.
Дефинитивно за пораѓај меѓу Гак и Чаир би одбрала Чаир.. на крај може да испадне (дај Боже) лесен пораѓај и да не ни стигнеме до анестезија, ама ако сепак треба (а веројатно ќе потрае пошто сум прворотка), и те како ќе сакам анестезија.. ќе каже @K7M10J малку пред мене е она
Матичниот мој на почетокот на короната (кога имаше најстроги мерки и полициски час) ни маска не носеше, а со истото чаршавче што ја покриваше таа пред мене на нозете ме покри и мене. Ништо послано на столот. Од тогаш само за упати одам кај него
И после абе бактерија имаш не знам од кај ти е и ќе се труеш со антибиотици а ти се чуваш како во стаклено ѕвоно. Абе како на нив инспекција не им оди да видат како работат страшно е
Девојки.. денес 29+4 бебе е 1.590 Ова е мерено кај матичната, и ми кажа дека е 2 недели понапред. Да очекувам бебе од 4 кг.. до сега постојано на мерки (во Ремедика) бебе си е таман и се води нормално за неделите (до ден точно).. Скриен шеќер немам, вака протоци добри, постелка добра, плодова вода добра. Ме фати страв за толкаво бебе.. мислам дај Боже да е добро, машала убаво и да си напредува, ама премногу ми е страв од пораѓај уште и 4 кг бебе.. преплашена сум.. наместо да се радувам што е се ок фала Богу, мене триста мисли ми поминуваат низ глава..
И јас вчера се распишав тука за разлика во мерењата, само мене обратно, во Ремедика поголемо, кај другите помало. Може само сега така испаднало, ќе видиме на наредна контрола...
29та недела, 1500гр моето го измерија. Никој не ми кажал дека е големо бебето. Според мерки одговараше точно за неделата. Не ми спомнаа дека големо бебето би било на пораѓај
@Izzy_0504 Јас кога отидов на пораѓај ми рекоа дека бебе е 3900 и исто како тебе се исплашив оти големо,а се роди 3100..Немој да се нервираш и да мислиш на тоа,не секогаш кажуваат точно,бебето е свиткано и не верувам дека може да се измери точно..со лесно
И јас баш тоа го помислив. Пример ми кажаа 1,5кг а +/- 200-400 грама. Затоа точно и не се врзав со бројката, они свиткани, дали и дотолку прецизно се земени мерките. Не им се секирај Изи, се ќе биде во ред