Лелеее ако тебе ти кажале така јас што да кажам. 28+6 ми рекоа одговара за 1 недела понапред и е 1530. Докторот рече ќе видиме пинатака уште било рано да се каже можело или 1 недела порано да се роди или да е побуцко... Ама ако е се во ред нека биде и буцко тоа е што е
Даа! Две недели е поголемко на последниве две мерења, малку сум во паника али наводно биле гени во прашање
Девојки здраво, ве молам за мислења и искуства. Пред една недела бев на преглед кај др во приватна клиника на редовна контрола и се беше во ред, плодот 2490 гр. и BPD 90. во 34 недела. Денес, 35 недела, бев за вагинални брисеви кај матичната др. и таа во меѓувреме ми запна да ме прегледа. Е сега, тоа што ме загрижи се мерките околу плодот, овој пат големината е 2400 гр. и BPD 85 помала наместо поголема мерка за една недела. Сакам да прашам дали станува збор за разлика во однос на компјутерот или плодот навистина можи да намали на грамови? Многу се загрижив, ве молам за мислење
Секој доктор различно мери, во ист ден да идеш кај двајца доктори може да кажат различно а и мерките на ехото се секогаш плус минус 400 гр. Мислам дека не треба да креваш паника, но ако си загрижена консултирај се со докторката. На пример Мене матичниот стално помало ми го мери за разлика од докторката во болницата .
И кај мене кај матичната помали мерки,точни според термин ги вади, според мерките од болница си тера за недела две поголемо , цело време.
Не може да намали. Јас кога почнав на цтг да одам, до одење на секои 2 дена со надминат термин, замисли колку прегледи имав. 5-6 различни доктори ме гледаа се споулавев со мерките. Хаос мешето на бебе ми го мереа месец дена исто, некогаш па и помало од претходниот пат. Немој да паничиш ич, кога е поголемо бебето не го фаќаат на тоа екранот цело, а не па точно да го измерат. Џабе стресови прават на жени пред раѓање.
Зависи до зреењето на постелката, 36+2 сега видов тука малата моја 3кг веќе била, се роди 41ва со 3800
Нема правило да си знаеш. И со двете ми зрееше пред време, а ги носев до 41ва.. Ке си излезе кога ке му дојде време...