Уште од старт си е 2 недели плус сега замина на 3 недели. Знаеш втор царски па секако ке поместиме дата понапред
На последната контрола докторката ми рече главата на бебето е поголема за неделите... Искуството некој со тоа или нешто слично... Како главата да му е голема а се друго во ред
На секоја втора и кажале дека главчето е поголемо и ништо страшно не било. Не ми спомнале но во мерките за глава читам дека и кај мене биле поголеми. Зошто плачки, ништо страшно не е.
Не се секирај, на моето само главата му беше таман, се друго помало 3 4 недели. Ти пишав мислам веќе во друга тема, ич не се оптеретувај, што мислиш колкава глава ќе има кога ќе излезе?
Бев на цтг денес,37+6.Цтг мирно,ехо уредно.Бебе тежи 3кг.Докторката ми рече дека се е во ред на ехо,но дека бебето е помало ,т.е.пократко(пониско) но дека тоа не значи ништо бидејќи се си е развиено како што треба.Малце се загрижив бидејќи досега матичната ми нема спомнато ништо такво,туку дека мерките се во граници на нормала според неделите.Некој со слична ситуација да се соочил?
Во последните месеци не може да одреди големина на бебе само може тежина, кога ќе искочи ќе види колку е големо нека не те вадат од памет за џабе, јас кога прашував колку е големо бебето ми кажаа дека веќе не се мери бидејќи не можело да се измери точно
Многу ја форсираат килажата докториве, не ми се допаѓа тоа ама ич. Најважно е се да е во ред со бебе и правилно да се развива. Колку е релевантно незнам но еве мајками пред 25/30 години и мене и сестрами не има родено 2400/2600 кг во полни 40 недели, па супер сме двете денес живи здрави. Еве сега и јас сум трудна рано е сеуште, ама ако гледам така историја и јас не очекувам нешто големо бебе да имам, може грешам ќе видиме. Мое мислење е да не се оптеретуваш со кг, до полна 40 уште ќе накачи а и надвор ќе си расте. Со лесно пораѓај.
Здраво, ве молам за ваши искуства. Денес, во 37+4 бев на ехо излезе дека стомачето на бебето е помало за околу 2 недели во однос на гестациската недела. Дури и килажата не е променета во однос на минатата недела, отприлика е 3.100 кг. Се исплашив, иако др. ме убеди дека нема место за паника, ми рече дека не може да е се идеално. Ве молам за ваши искуства!
Килажата би требало да е променета, истиот доктор ли те мереше претходната недела, мерките не им се секогаш најточни може за тоа те смирил, бидејќи ако не напредува веќе нели е подобро да се извади бебето, веќе си 9 месец не е страшно. Кога си на следна контрола?
Истата докторка ме гледаше. Денес, ми направи и цтг, беше во ред. И се друго беше во ред, доплер, постелка, плодова вода. В понеделник одам пак.