И кај мене беше така помало мешето и докторот ми рече дека не е ништо страшно, дека ќе си се среди тоа и стварно кога се породив се си беше во ред. За да не ти биде мисла отиди си на друго мислење за секој случај
Девојки 100 пати имам пишано и во темава, не се оптоварувајте со таа килажа. Знам дека е тешко, ама навистина и не можат толку точно да измерат бидејќи е големо бебето и непотребен стрес ствараат на мајките. Мешето на моето бебе 4 недели ми го мереа исто. Споулавев, во 40+ недела беше како за 35+. И тоа го знам ова затоа што сама ги тумачев сликичките од ехо. Еднаш кога ги прашав, ми рекоа не се замарај со големината, не може точно да се измери, а и битно е протоците да се во ред, тоа гледаат највеќе. И бебето мое гладно од меше за 40 дена надвор 2 кила се угои
Ти благодарам, навистина е така, само се замараме, ама навистина си помислив дека чувај боже има некој застој, и покрај тоа што се друго беше во ред. Ти благодарам ❤️
Ако е се друго во ред, не се секирај. Битни се протоците, зрелост на постелка и околуплодова вода сега на крај. Кога ти кажа да одиш во болница каде ке раѓаш?
Во Плодност во Битола ќе раѓам, треба да одам во понеделник за дефинитивно да се договориме околу породувањето.
Мислев повеќе ќе биде и се плашев, 2200 беше во 31ва недела.денес е 2400. Нека издржи да не е многу голема уште некоја недела
Во првата бременост освен кај матичниот одев и кај докторот што ме породи, двајцата цела бременост велеа дека ќе имам буцка, дури и матичниот се шегуваше дека мое бебе дирекно на школо ќе оди. Родив бебе 3200 гр Толку се точни мерките..
Вчера, 35+5, одговара на 34+3 - 2477 грама. Имало многу коса и не беше карлично сега, главата надоле беше. Ќе видиме дали ќе остане така...
И мојов беше тука некаде во 32-33 недела. Ми рекоа дека е 13% поголем од нормалното, АМА до 15% повеќе од нормала се толерира и се смета за океј, после тоа може да биде проблем.
Очекував брзо да качува килажа, искрено, но го контролирам шеќерот и од 31 до 33та недела само 200и нешто грама беше разликата. Сега баш следната недела ќе видиме одприлика колку е. Се плашев да не ќе качува по 500гр за 2 недели. Вака ако оди ваљда нема да биде многу големо бебе во 36-37, ако баш тогаш се пораѓам.