Машала принцезата пораснала. Син ми во 40 +5 г н го родив 2.800 гр. Сега за две недели сум на контрола па ќе видиме момата колку ми пораснала, 29 +4 г.н. ќе бидам. Кој ли ќе дочека до сл. контрола.
Околу меркиве со првото ми погодија иако знам се прават големи утки. Само да се добри бебињата со сите други параметри, а образи и бутки ќе направат за многу брзо
+/- пишува околу 400 гр. Затоа и мислам дека е околу таа килажа. А и не се оптеретувам толку, само да е здрава и жива. Повеќе се замарав заради шеќерот, мислам дека заради него е повеќе здебелена, а јас ослабнав и ми беше страв дали ќе и смета на неа. Кога ќе се роди точно ќе знаеме килажа, сега е само со +/- одприлика
Супер си е Мене со 150гр ми имаа плус на ехо кажано. Јас сум следна недела да видиме буцо мој колку стежнал Јас шеќер немам па големи бебиња носам. Еве го скоро 3 недели беше понапред во мерки. Женишта дека сме
Побитно е органите да се развиени убаво, килажа брзо качуваат. Генетика секогаш стига, ако има гени да е крупно, во пубертет ке се извиши. Синко се роди крупен, над 4 кг, а на година застана на околу 12 кг.
Точно, тоа ми е поентата, дека другите параметри треба да се добри. Моето до 10 месеци беше како топка, сите ми вика многу е дебела ставај ја на диета. Еве сега е 3 год, и е манекенка, ептен оди во висина,а јаде како терминатор само нека се живи и здрави
Сите сме тука некаде близу со термините, и слични со килажата на бебушките Нека ни е со лесно соТерминки мои @Milkiway и ти си со нас, а не сум видела, ти кажале тежина скоро на бебушко? Мојата 35+ е 2900гр