Јас паметот се кон природно го спремав, ама докторот вика крупно ќе биде а имаш тесна карлица, и е решен изгледа за царски
На последната контрола пред 2 дена на 37+2 беше 2900 грама.. 100г повеќе отколку пред 2 недели, др ми рече дека е супер, а мене мало ми изгледа
Јас со првата ќеркичка 36-37 негде околу 2700-2800 гр кажаа дека е а се породив 38 точно и тежеше 2510 гр многу малечка а сега еве второто поинаку малку секое си е различно да е мислам со до две недели понапред една поназад дека не е страшно
Лепото остави ги мерките, точно ќе знаеш колкаво е кога ќе си го родиш. Штом супер ти рекол докторот дека е,нема потреба од паника верувај. Тие ехо пресметки од секогаш ми оделе на нерви. Еве јас утре 36 недела од утре појма немам колкава е мојава лепотица. Не ми ја мери на секоја контрола и подобро да ти кажам. Инаку ќе се нервирав голема или пак мала била. Штом мерките одговараат на неделите, и не ми рекла нешто загрижувачки, не се секирам. Родив прво ситни бебе па сега и од тоа не се плашам. Ете го порасна во прекрасно момче од 5 години за некоја недела.