1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Големиот Гетсби (Ф. Скот Фицџералд)

Дискусија во 'Книги' започната од canary, 23 јули 2013.

  1. canary

    canary Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2013
    Пораки:
    133
    Допаѓања:
    60
    Оригинален наслов: The Great Gatsby.


    Големиот Гетсби е роман од американскиот писател Ф. Скот Фицџералд. Издадена на 10 април 1925, дејството се одвива на северниот брег на Лонг Ајленд, Њујорк за време на летото од 1922 година.
    Романот одбележува еден временски период кој Фицџералд сам го нарекол „Џез доба“. Следејќи го шокот и хаусот на Првата светска војна, американското општество уживало во просперитет за време на 1920-тите кога економијата напредувала. Во исто време прохибицијата, забраната за продажба и производство на алкохол, ги направила нелегалните дистрибутери на алкохол милионери и довела до зголемување на организираниот криминал. Иако Фицџералд, како Ник Каравеј во неговиот роман, ги идолизирал богатите и гламурот на тој период, се чувстувал неудобно со неограничениот материјализам и недостигот на морал кој одел со него.
    Иако е адаптирана во бродвејска претстава и холивудски филм во текот на годината на издавање, не била популарна за време на првото печатење, продавајќи помалку од 25.000 копии за време на последните петнаесет години од животот на Фицџералд. За време на големата депресија и Втората светска војна е заборавена. По повторното нејзино издавање во 1945 и 1953, бргу стекнала широка читателска публика и денес широко се смета како парадигма на големиот американски роман. Големиот Гетсби стана стандарден текст во средните училишта и универзитетските курсеви за американската литература во државите ширум светот и го зема второто место на листата на Modern Library на „100. најдобри романи на 20-от век“. Тајм го вклучи романот во неговата листа ТАЈМ 100 најдобри романи на англиски јазик од 1923 до 2005.

    (преземено од Википедија)
     

    Прикачени фајлови:

    • getsby 001.jpg
      getsby 001.jpg
      Големина на фајлот:
      27,1 KB
      Прегледи:
      228
    На Aryana и Jule.Sk им се допаѓа ова.
  2. Jule.Sk

    Jule.Sk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    1.314
    Допаѓања:
    736
    Пол:
    Женски
    Ја прочитав пред еден месец книгава :) Малку се разочарав од крајот,мислев ќе биде си живееле среќно до крајот на животот :D Но,ништо од тоа,човекот си умре.Воведот доста ме заинтригира,затоа ја прочитав.Може слободно да речеме дека ова се случува и денес низ светот.Жал ми е за Гетсби што не создал семејство,и покрај се и останал верен на вистинската љубов,а тоа го докажува и кога се случува собраќајката :) Мене ми е океј книгава,па нека пишат и други мислења што ја прочитале :)
     
  3. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.832
    Пол:
    Женски
    Ја немам прочитано книгата, филмот го гледав и премногу се соживеав.... Колку се трудел тој да задржи една љубов, да сака... се правел за неа, а на крајот сосема сам умрел. Мора да ја прочитам книгата, сигурна сум дека е прекрасна како и филмот. :)
     
  4. Petunia-Queen

    Petunia-Queen Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 мај 2013
    Пораки:
    212
    Допаѓања:
    315
    И јас го гледав филмот и се согласувам со Пупи! Инаку ја има книгава во книжарата ТРИ во ГТЦ? :)
     
  5. simonna.a

    simonna.a Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 февруари 2013
    Пораки:
    4.449
    Допаѓања:
    32.710
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
    Е ваква ми е корицата на книгата.Си ја имам дома. 8) Вчера штотуку ја прочитав,мноооогу ми се допадна книгава едноставно за три дена ја прочитав!А филмот не го имам гледано ;)
     
  6. strawberry06

    strawberry06 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 март 2012
    Пораки:
    246
    Допаѓања:
    496
    Пол:
    Женски
    Големиот Гетсби ја имам прочитано неколку пати и никогаш нема да ми здосади. Прекрасна е. Можам да кажам дека ми е една од омилените :D
     
  7. The_Tina!8&**

    The_Tina!8&** Нов член

    Се зачлени на:
    15 март 2019
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Да не ја има некој во pdf формат на македонски?