Побарав коментари на форумот за филмов но гледам дека нема тема за него. Дали некој го гледал, видов дека го има на репертоар низ Скопските кина. Што мислите за него?
Јас вчера само што ја завршив книгата Големиот Гетсби Спојлер и не очекував дека на крајот ќе умре Патем дознав и дека имало филм за книгата,во скоро време ќе го погледнам ша ќе пишам
А знае ли некој каде да го симнам во убава снимка, не сакам да си го расипам уживањето во филмот со кино снимка хаха
Јас изгледа сум една од ретките кои и не се баш толку одушевени од овој римејк на Гетсби. Ми се допаѓа Леонардо како глуми, ми се допаѓа сценографијата и костимите во филмот. Музиката е совршенство. Секоја песна е апсолутно погодена. Се гледа дека многу пари се вложени во филмот. Меѓутоа филмот во целина и не ми се допадна многу. Веројатно затоа што имав преголеми очекувања со оглед на коментарите кои што ги читав. Неможам да кажам дека ме разочара но затоа пак ме остави поптолно рамнодушна.
Со книгата бев запознаена одамна, но кога го гледав во кино кога излезе, јас бев просто воодушевена и наредните 3 дена го фалев филмот на кој ќе стигнев. Приказната е неверојатна. Гетсби - толку голем а толку трагичен лик. Филмов во мене ја разбуди секоја можна емоција, од смеење до плачење. Најмногу трогнува тоа што всушност сфаќаш колку болно реална е приказната, а верувам дека сите би се препознале самите себе во ликот на Гетсби - кој повеќе кој помалку.
Јас вчера го гледав и прекрасен филм е, а Леонардо го прави уште попрекрасен. Инаку Дејзи е невидена кучка глупава. Гетсби сите тие забави, целата куќа, се ама баш се направи за нејзе, а таа не ни му се јави. Спојлер На крајот кога умре плачев. Толку жална сцена беше тоа, а поготово кога братучедот од Дејзи вака кажа: И на крајот кога на листот каде што пишуваше Гетсби допиша ГОЛЕМИОТ. Не знам за вас, ама мене многу сцени ме потсетуваа на Титаник, например кога ја подигна чашата на една од забавите, кога пливаше во базенот и на крајот кога умре. Не ми се чудете, ама јас сум заљубена во Леонардо уште од мала. Во главно супер филм, мора да се гледа, а мене само од едно гледање ми стана омилен.
Обично секогаш сум за тоа да се избере едно или филм или книга, ако ги одберете и двете рачунајте дека едното ќе ве разочара. Филм подобар од книга за мене е само Хари Потер и Господар на Прстените, едноставно во книгата неможе да се опише така добро како што може да го видите сето тоа во филмот. Јас се каам што не ја прочитав прво книгата, ја имав дома ама не ја прочитав, прво се фатив за филмов и сега несакам да ја читам. Ја имав книгата одамна како и многу други дела на Фитсџералд кој ми е еден од омилените ама незнам зошто никогаш не ја прочитав... Затоа мене филмот ме воодушеви, воопшто не го очекував тоа на крајот. Малку ми беше позната приказната за Гетсби ама не до крај и не толку целосно. Целосната реализација на филмот ми е фантастична, а крајот искрено ме потресе. Жално што Лео пак не доби оскар. Сепак ќе соберам храброст и ќе ја прочитам книгата.
Гледан многупати. Што човек треба да си за да правиш буквално сѐ, а другата страна да се однесува бедно до самиот крај? Ликот на Леонардо ми се граничеше со очајност, безнадежност и лутина што не мислам дека требаше да си го дозволи сето тоа со оглед на животот што си го изградил. А и повеќе си ја идеализираше, отколку што ја сакаше. Не знам што виде во неа кога ни самата не знаеше кај тера и што прави. Требаше да има и втор дел со уште поголеми пресврти. "He had one of those rare smiles with a quality of eternal reassurance in it, that you may come across four or five times in life. It faced, or seemed to face, the whole external world for an instant and then concentrated on you with an irresistible prejudice in your favor. It understood you just as far as you wanted to be understood, believed in you as you would like to believe in yourself." Џабе толку труд и жртвувања, кога една жена му се испосера на сето тоа.
Повеќе ми се допаѓа една стара верзија, со Роберт Редфорд. Книгата ми е прочитана одамна. Во неа увидов колку потеклото ги дефинира луѓето за цел живот, и навистина е така во реалноста. Колку и да се надминеш себеси, потеклото останува со тебе. Гетсби отстрана го гледаа како поголем од нив, но тој во себе беше мал.